Извршна канцеларија на Еквалис
Елена Данова е сертифицирана младинска работничка со 8-годишно искуство во работата со млади и неформално образование. Во Еквалис е повеќе од 4 години и има работено на повеќе програми и проекти од областа активизмот, активното граѓанство и демократијата, родовата и ЛГБТИ+ еднаквост и градење интерперсонални вештини кај младите. Нејзина особена страст е поттикнување на критичко размислување кај младите, преку директна младинска работа и креирање програми кои поттикнуваат критичко размислување и политичко перцепирање на секојдневните настани.
Работи како програмска асистентка во Еквалис. Како дел од Еквалис, Надица асистира во спроведување и мониторинг на едукативни програми во Еквалис. Таа работи и во давање на менторска поддршка на членовите од Младинската мрежа за еднаквост, ги поддржува експертите коишто спроведуваат младински програми во Еквалис и е одговорна за координација на волонтерите во организацијата.
Надица е дипломиран педагог со работно искуство во неформално образование. Мометално таа е и студент на втор циклус студии по педагошки науки на Филозофскиот факултет во Скопје. Таа има работено и волонтирано во полињата на родова еднаквост, сеопфатно сексуално образование, ЛГБТИ права, медиумска писменост и демократија.
Работи како финансиска координаторка во Еквалис. Како дел од својата позиција, Сања исто така работи и на логистичка поддршка на програмите, проектите и административните процеси во организацијата.
Сања е дипломиран наставник по одделенска настава со 12 годишно искуство во работа во невладиниот сектор и во програми базирани на неформално обраозвание. Дополнително, таа има дополнителна едукација во областа на финансиски менаџмент и сметководствени процеси.
Работи како програмски координатор во Еквалис. Како дел од оваа позиција, Ангел е одговорен за дизајнирање, имплементација и мониторинг на едукативните програми што се спроведуваат во Еквалис и овозможува нивно следење во однос на стратешки области на организацијата. Ангел ја координира Младинската мрежа за еднаквост, медиумските програми и програмите за демократија во Еквалис.
Тој има магистрирано на Универзитетот Тампере во Финска со специјалност во медиумска писменост и медиумска едукација. Има професионално искуство во работа во Американска ЛГБТИ+ организација со фокус на превенција од насилство и самоубиство кај млади ЛГБТИ+ лица. Има 7 годишно искуство во областа на спроведување тренинзи и младински програми базирани на неформално образование.