Преку квир програмата се стремиме да ја негуваме културата на квир заедништво. Во време кога квир заедницата доживеа изолација којашто беше пренагласена во ковид пандемијата и по неа, кога нашите социјални и активистички кругови почнаа да се стеснуваат и кога нашите врски стануваа се поистенчени- потребно е повеќе од било кога да ги реизградиме и зацврстиме тие врски.
Да се истражува квир љубовта е возбудливо, а во исто време и носи голема одговорност. Зборувањето за нашите квир врски и партнерства е нешто за коешто не често сме прашувани во општеството. Напротив, нашите врски се осудени на тајноста и нашите „4 ѕида“. Квир љубовта може да се каже дека сама по себе е револуционерна. Секој пат кога сме се држеле за рака со нашите партнери или кога сме ги бакнале во диско- чувствуваме и гордост, храбсост, страв, калкулираме, забораваме на просторот во којшто се наоѓаме, пркосиме, се сакаме. Постоењето на квир врските во ова општество значи секојдневно да се инвестира во љубовта. Нашата љубов и нашите врски се политички. Иако сме изморени секој момент од нашето постоење да е политички, сепак нашите реалности и моментални контексти се такви. Кога одиме на пат по болница и не знаеме дали нашите партнери ќе бидат пуштени да не посетат, кога не знаеме дали ќе го наследиме имотот на нашите партнери, кога ние сме непријатниот момент во еден разговор што не знаат да им го објаснат роднините на своите деца- нашите животи, а и врски во истиот тој станаа политички. Истовремено, нашите врски се секојдневни, обични, на моменти неполитички. Нашата љубов се чини дека во одреден момент во минатото е најубавиот ризик што сме го направиле и ни донесол среќа на сите нас.
Преку оваа изложба сакаме да создадеме простор во којшто ќе ја прикажеме љубовта на ЛГБТИ+ паровите од нашата заедница. Со давање видливост на релациите на ЛГБТИ+ паровите сакаме да понудиме перспектива дека квир љубовта и врските се валидни и дека треба да бидат видени/прочитани. ЛГБТИ+ паровите ќе бидат интервјурани од страна на млади волонтери коишто ќе бидат дел од оваа квир програма.
Покрај приказните и фотографиите од интервјуираните ЛГБТИ+ парови, изложбата ќе прикаже различни предмети коишто ја симболизираат квир љубовта. Предметите ќе се однесуваат на настани поврзани и споменати на интервјуто. На пример, карта од вашиот прв заеднички концерт, вашите први заеднички клучеви од вашиот дом, првиот подарок од вашите партнери (се само некои идеи за вакви предмети). Предметите ќе им бидат потоа вратени на паровите коишто ќе ги донираат бидејќи ја разбираме емоционална вредност. Тие исто така ќе бидат уредно чувани се до денот на изложбата.
Доколку сте ЛГБТИ+ пар којшто сака да биде интервјуран, ве молиме пополнете го овој формулар.
Преку изложбата сакаме да ги прикажеме поважните личности, настани и места коишто се важни за ЛГБТИ+ движењето во Македонија. Со колаборативна истражувачка работа, разговор со активисти, посета на локации, пребарување низ медиумските архиви- изложбата ќе понуди поглед наназад кон тоа како се развивало ЛГБТИ+ движењето и отпорот во нашата држава.
Оваа ретросроспектива ќе биде повторно прикажана преку еден личен, интимен и исполнувачки процес за самата заедница и членовите што ќе работат на овој сегмент од изложбата.
Еквалис ќе обезбеди неколку разговори со активисти од ЛГБТИ+ движењето во текот на подготовката (а и по неа) како начин кон приближување на ЛГБТИ+ борбата, нејзин пренос и окрпунување.
Програмата е базирана на волонтерска основа. Првиот состанок за подетални инструкции со програмата ќе се случи во канцеларијата на Еквалис во Скопје. За жал, во моментот не сме во можност да ги вклучиме останатите градови поради ограничени финансии. Преку нашата Младинска мрежа за еднаквост којашто има претставници низ целата држава ќе обезбедиме колку што е можно поголема географска разноликост на прикажаните приказни и контексти во оваа програма.
Доколку имате прашања, обратете се на angel_dimitrievski@ekvalis.org.mk