Националниот младинскиот совет на Македонија НМСМ e сојуз на здруженија во кој на доброволна основа членуваат здруженија и фондации од Република Македонија. НМСМ е основана на 29 јуни 2013 година од страна на 55 организации.НМСМ е претставничко тело на младинските организации во Македонија. НМСМ обединува 51 организација: 16 младински организации, 20 организација за млади, 1 сојуз, 6 подмладоци на други организации и 8 придружни членки, со цел да се промовираат и застапуваат младите и правата на младите во Македонија.
Мрежата за медиумска писменост е создадена со цел да ги олесни комуникацијата и консултацијата меѓу различните субјекти во земјава кои работат на подигнувањето на нивото на медиумската писменост на сите граѓани. Таа треба да придонесе за почеста соработка меѓу релевантните чинители и за подобри и поодржливи резултати од проектите. Мрежата беше создадена во 2017 година од 35 членки-основачки, а нејзиното членство сега е речиси удвоено. Повеќе информации за промоцијата на Мрежата можат да се најдат во следниов текст. Таа сега има 80 членки (јавни институции и министерства, граѓански организации, образовни установи, радиодифузери, компании и физички лица).
Сојузот за младинска работа (СМР) e мрежа на понудувачи на младинска работа: младински организации и организации кои работат со и за младите, чијашто мисија е регулирање и стандардизација на младинската работа, поддршка на младинските работници и подигање на јавната свест за значењето на младинската работа.
Националната мрежа против хомофобија и трансфобија, основана 2014 г., е неформална мрежа на здруженија на граѓани и неформални групи кои здружено работат на унапредување на гарантирањето и уживањето на човековите права на ЛГБТИ луѓето во Република Северна Македонија. Нашата визија е секое лице од ЛГБТИ заедницата во нашата земја да живее квалитетен и безбеден живот и целосно да ги ужива и остварува своите права. Во рамките на својата мисија, НМХТ работи кон создавање и одржување на безбедна, инклузивна и правична околина за ЛГБТИ заедницата преку здружена акција и координација, активно вклучување на членовите во заедницата, нивно зајакнување и застапување на правата.
ЕРА- ЛГБТИ Асоцијација за еднаквост за Западен Балкан и Турција е Регионална Асоцијација од лезбесјки, геј, бисекс, транс, интерсекс и квир организации од Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Србија, Словенија и Турција. Мисијата на ЕРА е да инспирира позитивна промена во општествата, да промовира и лобира за подобрување на човековите права на луѓето од сите сексуални ориентации, родови идентитети и полови карактеристики, преку фасилитирање соработка и обезбедување ресурси и развој за геј, бисекс, трансродовите и интерсекс лицата и движења низ Балканот и Турција.
Мисијата на Платформата за родова еднаквост е да обезбедува гласност, лидерство и единство во заедничкото дејствување кон остварување на родовата еднаквост во општеството, врз основа на солидарност, еднаквост, партиципативност, транспарентност, доброволност, одговорност и отчетност.
Еквалис е дел од работната група за младински прашања и политики при Министерството за образование и наука каде што активно ги застапува нашите заложби за реформирање на образованието преку содржински, методолошки и мерки коишто се од корист за учениците и студентите.