Младите се клучната сила во нашата организација. Еквалис како организација е сочинета од голема волонтерска група, со повеќе од 50 активни волонтери кои пак ангажираат стотици други врсници во активностите на организацијата. Волонтерите се лоцирани во секој регион на земјата – вклучувајќи ги и урбаните и руралните средини. Младите луѓе кои што учествуваат во активностите на Еквалис доаѓаат од различна социо-економска позадина, пол, сексуална ориентација, родов идентитет, етничка припадност, региони и области на интерес. Активистите на Еквалис се во прв ред во многу општествени движења за промени и имаат големо влијание врз положбата на младите во Северна Македонија.
Преку работата со млади Еквалис се стреми кон:
Еквалис организира бројни програми и активности со млади луѓе кои им овозможуваат повеќе да научат од други постари или поискусни активисти, да учат од своите врсници и да создадат простор за меѓугенерациска и врсничка размена на идеи за унапредување на активистичките капацитети кај младите. Еквалис е домаќин на неколку видови настани како што се:
Младинскиот простор на Еквалис е отворен за бесплатно користење за невладини организации во развој (помалку од 3 години постоење) и неформални групи (без ограниченост во годините на постоење), како и младински активисти кои се идентификуваат со истите вредности и работат во слични стратешки области како Еквалис.
Младите луѓе кои се вклучени во едукативни активности во Еквалис отсекогаш превземале чекор повеќе во остварувањето на тие активистички пристапи во општеството.
Активистите на Екалис спроведоа анкета помеѓу своите врсници во првите недели од полициските часови за КОВИД и со која ги претставија своите потреби и барања во онлајн петиција која собра 3300 потписи. Како продолжение, Еквалис со активистите и потписниците ја доставија петицијата до Министерството за образование и ја проследија со вклучување во работна група во рамките на Министерството за образование, која работи на дополнително застапување на потребите на младите на поструктурирано ниво.
Многу од младите на Еквалис организираа директни ненасилни интервенции во јавниот простор. Нивната цел беше отворено да критикуваат одредени угнетувачки политики или неспособноста на властите да дејствуваат на одредени настани кои уште повеќе ги маргинализираа младите. Еквалис поддржа и собра заедно со бројни неформални групи или протестни движења, за подобра позиција на младите во образованието, подобрување на правата за младите девојки и жени, зголемување на безбедните простори за ЛГБТИК+ младите и ставање крај на врсничкото вознемирување и насилство.
Неколку млади активистки од Еквалис се собраа на 1ви Мај, Меѓународниот ден на трудот, за да прочитаат извадоци од книгата „15 хорор приказни на работничките“ од Кристина Божурска. Извадоците укажуваат на дел од нехуманите услови во кои секојдневно живеат работничките. Преку утринска акција пред Министерството за труд и социјала, активистите на Еквалис ги прочитаа тие приказни на македонски, албански и ромски јазик. Ова го привлече вниманието на работниците во Министерството, јавноста и медиумите кои работат со јавниот простор како главна сфера каде што може да се популаризираат маргиналните приказни. Подоцна волонтерките на Еквалис направија превод на приказните на Ромски и Албански јазик во соработка со Приватен принт.