Здружението за едукативен развој Еквалис е формирано во 2017-та година како иницијатива на повеќе граѓански активисти. Еквалис е невладина организација со свои активности низ целата држава. Во своето повеќегодишно постоење Еквалис ги има ангажирано младите, граѓанските активисти, младинските работници и едукатори, наставниците, професорите, стручните училишни служби, Сојузите на средношколци, граѓанскиот сектор и претставниците на институциите во фасилитирање на овозможувачки услови за секоја индивидуа (особено најмаргинализираните) да може слободно да се изразува и живее. Во Еквалис учесниц(ч)ките се вклучени во процеси на едукација за основните човекови права (со фокус на род и сексуалност), активното граѓанство, демократијата, изградбата на мир и медиумската писменост. Како резултат на тоа во македонското општество се креирани различни интервенции коишто се резултат на овие едукативни процеси коишто ги отпочна Еквалис.
Мисијата на Здружение за едукативен развој Еквалис е да ги вклучи граѓаните во процесите на општествени промени преку едукација, критички пристап, анализа и преземање на акции. Здружение за едукативен развој Еквалис ќе иницира интерперсонална соработка помеѓу граѓаните, покрај можните бариери поврзани со етничка припадност, религија, пол, сексуална ориентација, социјална позадина или состојба на способност.
Визијата на Здружение за едукативен развој Еквалис е да изгради општество во кое граѓаните ќе се едуцираат, ќе ги преиспитуваат и менуваат општествените процеси за лична и колективна благосостојба.
Годишен извештај
Прочитајте го нашиот последен годишен извештај и информирајте се за нашата локална, национална и меѓународна работа. Во 2022, Еквалис имплементираше повеќе различни едукативни програми и проекти, ги продлабочи своите партнерства и мрежни активности и беа имплементирани повеќе јавни локални интервенции. Во годишниот извештај се вклучени и финансиите за 2022година на организаицјата.
Стратешки области на организацијата
Како дел од својата организациска стратегија (2020-2025), Еквалис се фокусира на три стратешки области коишто дејствуваат и засебно како автономни програмски полиња на организацијата, но најчесто имаат многу тесни точки на поврзување: