ЕКВАЛИС имаше тројца претставници на тренинг курсот „Ајде да разговараме: како зборуваме за родот“ во Закопане, Полска. Во овој проект учествуваа 23 млади луѓе од 8 различни земји (Португалија, Романија, Литванија, Грција, Северна Македонија, Турција, Бугарија и Полска). За време на оваа обука, учесниците имаа можност да вежбаат меѓукултурно учење и дијалог, и да научат различни начини за спречување на родова дискриминација. Зборуваа и за разликите меѓу родот и полот, а ги научија и техниките на Форум театар.
Проектот беше организиран со различни активности на ум, како што се: Создавање на простор за дискусија и истражување за родовата еднаквост и нееднаквост, користејќи различни неформални форми: драмски активности, театар со слики и движења, театарски активности за импровизација, споделување приказни и искуства на тема родови прашања, разлики на еднаквост/нееднаквост, Елементи на Форум Театар: создавање кратки сцени, учење на улогата на Џокер, креирање сценарија на форумски претстави и нивно практикување во безбедното опкружување на нашата работна група, Дефинирање на термини како „род“, „ родова нееднаквост“ и „родова идеологија“, во групи и со помош на обучувачите. Во слободното време учесниците имаа можност да се дружат заедно и да научат многу за другите земји во однос на нивната култура и традиции, притоа создавајќи многу нови пријателства.
Македонскиот тим спроведе своја работилница по нивното враќање во Северна Македонија. Целта на работилницата беше да се пренесе знаењето што го стекнаа на размената. Тренинг курсот: „Ајде да разговараме: како зборуваме за родот“ беше финансиски поддржан од програмата Еразмус +.