LEAD стипединст (Linking, Engagement, Advocacy and Development) Ангел Димитриевски, ја спроведе средношколската програма за родова застапеност во медиумите „ Што има родот во врска со тоа? - 2“, финансирана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Првата работилница ја формираше групата која ќе учествува во оваа програма. 18 средношколци од 7 средни училишта во град Скопје, ги поставија границите и разговараа за разликата меѓу поимите пол и род. Работилницата се изведуваше преку серија вежби, дискусии во парови и критичко коментирање на темите за родовите професии, поделбата на домашната работа помеѓу мажи и жени, а студентите исто така ги кажаа своите размислувања за тоа што значи да се биде „вистински маж“ и „вистинска жена“, и какви негативни називи би добиле доколку не одговараат на таа слика. Оваа програма се спроведува во две фази: образовна фаза и изработка на средношколско списание. Во првата фаза, учесниците едуцираа, дискутираа, повторно размислуваа и ги оспоруваа мислењата за родовите улоги, родовата дискриминација, влијанието на токсичната машкост, дискриминацијата врз ЛГБТ+ средношколците и односот на полот и сексуалноста со медиумите, политиката, образованието.
Во рамките на програмата, студентите изработија пилот верзија на весник, како финален производ по едукативната фаза од програмата. На координативните состаноци за создавање на весникот, средношколските тимови го презентираа досегашниот напредок и што преземаат како идни чекори во развојот на нивните медиумски производи. Тимовите развија свои медиумски производи како што се интервјуа, вести, реклами, стрипови, медиумски кампањи, модни совети и препораки за филмови и песни.
Весникот „Роднаквост“ беше испечатен и промовиран во 4 средни училишта во Скопје, каде тимовите што го создадоа весникот ги посетија своите врсници. На посетите не само што се дистрибуираше весникот, туку секој тим дополнително ги отвори дискусиите за родот и сексуалноста во училиштата преку неколку интерактивни вежби за дискусија.
Здружението за едукативен развој – Еквалис беше партнер организација во спроведувањето на овој проект.