Во октомври 2019 година, двајца учесници од Еквалис беа на студиска посета „Stand Together in Solidarity“ во Драч, Албанија, со цел да ги прошират своите знаења за Еразмус+ и ЕВС/ЕСЦ. На студиската посета присуствуваа учесници од 10 земји (Албанија, Северна Македонија, Бугарија, Белгија, Холандија, Турција, Шпанија, Италија, Романија и Грција). Студиската посета траеше околу 6 дена и во тие денови имаше многу активности и практики кои помогнаа да се дознае повеќе за темата. Исто така, имаше посети на некои од невладините организации во околните градови како Тирана, Берат и Фиер, многу активности, можности за средба со луѓе со различни култури и секако многу вежби за ЕВС/ЕСЦ. По завршувањето на студиската посета во октомври, следен беше семинарот за вмрежување во Италија на кој присуствуваше еден од членовите на тимот на Еквалис.
Студиска посета “Stand Together in Solidarity“
Носител: Еквалис
Година: 2019
Партнери: Еразмус+, ЕВС/ЕСЦ.
Држава: Албанија