Ekvalis
17.1.2023
Настани
Здружението за едукативен развој Еквалис отвора повик за учесниц(ч)ки на два тренинзи за средношколска демократија како дел од проектот „Младократија- Унапредување на демократската и партиципативна култура во претставничките тела на средните училишта“. Тренингот е отворен за средношколц(к)и од територијата на целата држава од прва, втора и трета година.
Тренингот е отворен за ограничен број на учесници. Поради ковид протоколите истиот тренинг ќе се одржи на два пати за да има можност да се работи во помали групи.
Прв тренинг: 05-09 јули, 2021; хотел Кратис- Кратово
Втор тренинг: 26-30 јули; 2021: хотел Кратис- Кратово
Еден учесник/чка следи само еден тренинг.
Овој тренинг е креиран:
- да ги информира средношколц(к)ите за моќта и потенцијалите на средношколското здружување, преставувањето на средношколските гласови во средношколски сојузи, унии, општински форми на здружување или други младински форми на здружување
- да ги охрабри средношколц(к)ите активно да учествуваат во своите постоечки форми на претставување (почнувајќи од претседател(к)и на класови до повисоки форми како средношколски сојузи или други форми на младинско здружување)
- да ги опреми средношколц(к)ите со конкретни вештини за мобилизирање на своите врсници, професори, училишни администрации и локални власти во помагање на креирањето на претставничка и демократска култура
- да креира мрежа на средношколц(к)и коишто ќе дејствуваат национално за да го зајакнат средношколскиот глас како важен во процесите на донесување одлуки коишто ги засегаат
- да ги актуелизира темите поврзани со родот и сексуалноста помеѓу средношколците
- да го зголеми учеството на средношколки и жени во претставничките тела (поголем број на претседателки на класови, но и поголема видливост на проблемите поврзани со сексизам, сексуално вознемирување и феминистичко дејствување во училиштата)
- да ги охрабри ЛГБТ+ средношколц(к)ите да се вклучат директно во своите најблиски форми на здружување и да ја инкорпорираат борбата за ЛГБТ+ права во програмите на своите претставнички тела