Еквалис учествуваше на конференцијата за планирање на следните акции и чекори од кампањата за ревитализација на демократијата “Демократија тука- демократија сега“ организирана од Советот на Европа во Стразбур, Франција (30 јануари- 03 февруари, 2023). 80 активисти, претставници на граѓански организации и национални инстутции учествуваа на конференцијата за евалуација на кампањата како и планирање на активности за продолжување на ефектите од кампањата и работа поврзана со ревитализација на демократијата на национално ниво.
Програмскиот координатор на Еквалис- Ангел Димитриевски учествуваше во неколку тематски работни групи коишто имаа за цел да ги постават идните планови и стратешки чекори во спроведувањето на последователните активности од кампањата коишто ќе се случуваат во 2023 година, со можност за продолжување до 2025 година.
Во текот на конференцијата исто така имавме можност да осознаеме на кој начин ќе биде искористен “Планот за акции: Демократија сега“ во контекстот на секоја држава членка на Советот на Европа. Еквалис исто така учествуваше и во креацијата на овој документ минатата година за време на Младинската акциска недела во Стразбур. Во текот на конференцијата имавме можност да учествуваме во работната група за Ревитализација на демократија и Пристап до права и да ги приоритизираме 3-те акции (од вкупно 15) на коишто организациите ќе се посветат да работат. Во исто време воспоставивме механизми и насоки за како Советот на Европа може да ги поддржи граѓанските организации и Владите во спроведување на овие акции. Програмскиот координатор на Еквалис исто така учествуваше во работната група за Тренинзи и Активности за градење на капацитети во коишто беа направени првичните планови за едукативни активности за демократија.
Во текот на конференцијата имавме можност и да зборуваме за нашата работа во полето на демократијата. Специфично ја презентиравме нашата работа преку проектот поддржан во рамки на камапњата и поддржан од Европската младинска фондација “Перспективи на родовите и ЛГБТИ+ младински движења“ којшто беше спроведен минатата година. Исто така, зборувавме и за нашите тековни активности и младински програми за демократија како дел од проектот “Младите дејстуваат за демократија“ поддржан од Националниот фонд за демократија.
Во текот на конференцијата имавме можност за вмрежување со многу организации коишто работат со многу храби и суштински иницијативи за подобрување на демократијата. Во една од работните групи имавме можност да научиме многу од искуствата на Белорускиот младински совет РАДА на темата „Кампањи за демократија и нивното спроведување во недемократски средини“. Во текот на оваа дискусија разработивме две стратегии за лобирање (низ контекстот на работата на РАДА) и работата со активизам во многу специфични недемократски средини и режими.
Учесниците имаа можност да слушнат повеќе за плановите на Советот на Европа во вклучувањето на учесниците во последователните активности. Некои од говорниците присутни на конференцијата беа: Матјаз Груден- Директор за демократска партиципација при Советот на Европа; Спирос Пападотос- Претседавач на Советодавното тело за млади при Советот на Европа, Вероник Бертол- заменик градночалничка на Стразбур, Мариа Родригез Алказар- Претседателка на Европскиот младински форум, Амбасадорот Факрадин Исмаилов- Постојан претсатвник на Азербеџан и Претседавач на Комитетот за образование, култура, спорт и млади; Давидс Гарвша- Европски надзорен одбор за млади и Антје Ротхемунд- Претседавачка на Младинскиот департман при Советот на Европа.
Еквалис ќе продолжи со имплементирање на активности за подорбување и ревитализирање на плуралистичката демократија. Оваа година спроведуваме повеќе активности како дел од проектот “Младите дејствуваат за демократија“.