Во 2019 година, Еквалис започна со првите и еден од најголемите напори за справување со темите за демократија- од младинска перспектива. Со поддршка на European Endowment for Democracy го отворивме нашиот првиот младински центар со фокус на демократија кој претставуваа физички простор каде младите, младинските активисти, неформалните групи и движења можат да се здружат, да градат визии за подобрување на демократскиот пејзаж во Северна Македонија, и заедно да стратегизираат и да подготват конкретни акции. Преку нашиот центар понудивме разновидна програма поврзана со овозможување на средина каде што активистите би можеле да се соберат, да бидат домаќини на разговори со активисти, дијалози и обуки. Просторот беше отворен за бесплатно користење на групи како Сојузот на средношколци кои го користеа просторот за нивните состаноци, а понатаму и за јавни акции и протести. Еквалис инспирираше голем број млади луѓе да преземат акција во форма на ненасилни акции на улица, герила акции и јавни интервенции, кои практикуваа граѓански активизам со младите како важен аспект за градење на одржливи демократии.