- За проектот
Проектот „Младите дејствуваат за демократија“ е 12 месечен проект којшто се стреми да ги унапреди капацитети на младите луѓе за демократско учество користејќи различни активистички платформи како онлајн активизам, форми на активно граѓанство и креативни активистички интервенции. Проектот е финансиски поддржан од Националниот фонд за демократија (NED).
Како дел од проектот ќе се спроведе медиумска кампања којашто ќе ја едуцира, сензибилизира и анимира јавноста во темите поврзани со демократијата, учеството и активното граѓанство. Кампањата во рамки на проектот „Младите дејствуваат за демократија“ е финансиски поддржана од Европски фонд за Балканот (EFB).
2. За ангажманот
Избрниот понудувач ќе треба да подготви 5 видеа коишто ќе бидат дел од кампањата за промоција на демократијата и активното граѓанство. Секое видео треба да биде во времетраење од најмногу 3 миунути во HD резолуција погодна за споделување на социјалните мрежи на Еквалис (Фејбсук, Инстаграм, Јутуб канал и веб сајт).
Напомена: Овој повик е отворен само за физички лица.
За видеата: Понудувачот ќе работи со веќе готова скрипта и лице коешто ќе ја чита таа скрипта. Покрај снимањето и монтажата на видеата, понудувачот треба да креира кратки пропратни анимации кои ќе имаат за цел да го направат видеото подинамично и да истакнат одредени поенти кои се кажани во видеото на визуелен начин.
Понудавачот е одговорен за креативниот концепт на видеата (односно креативно решение на скриптата во видео формат)
Видеата ќе бидат снимани на македонски, а понудувачот треба да вметне албански превод добиен од страна на Еквалис.
Ангажманот е планирано да започне на 15 април и да биде завршен до 15 мај.
Понудувачот е одговорен за:
- Целосно разбирање и ставање во контекст на скриптата од сите 5 видеа (којашто ќе биде обезбедена од страна на Еквалис)
- Концепт и креативна разработка за секое од 5-те видеа (коешто ќе вклучува селектирање на локација, логистичка подготовка за снимањата, интеракција со говорниците на видеата и нивно организирање во просторот и согласно концептот на видеата)
- Поседување исправна и квалитетна опрема за снимање видео и аудио материјал
- Поседување на софтвер за монтажа на видеа
- Внесување на албански превод во видеата
- Внесување на анимации во видеата
Продуктите изработени како дел од овој ангажман ќе бидат сопственост на Здружението за едукативен развој- Еквалис.
3. Начин на аплцирање
Сите заинтересирани понудувачи треба да ги достават следните документи најдоцна до 03 април до 17:00. на мејл адресата angel_dimitrievski@ekvalis.org.mk со наслов „Понуда за изработка на видеа – Кампања за демократија и активно граѓанство“. Во мејлот потребно е да се содржат следните документи:
- Професионлна биографија на лицето понудувач
- Портфолио со досега сработени проекти (листа со линкови до продуцирани видеа)- особено кон исти или слични теми со оваа кампања
- Финансиска понуда (симнете го следниот документ)
- Изјава за достапност (симнете го следниот документ)
4. Избор и склучување договор
Пристигнатите понуди ќе бидат евалуирани од страна на стручна комисија, и изборот ќе се одвива според:
- Техничка исправност 20%
- Искуство 40%
- Финансиска понуда 40%
Ќе бидат контактирани само кандидати коишто ќе бидат селектирани за во наредната фаза (кратко интервју со проектниот тим). По изборот, избраниот кандидат ќе биде контактиран со цел да се склучи договор.
5. Дополнитлени прашања
За сите дополнителни инфромации во врска со повикот, пишете на мејл адресата angel_dimitrievski@ekvalis.org.mk . Ве замолуваме, без телефонски повици.