Еквалис спроведува неколку младински програми кои веќе имаа неколку едиции и групи на учесници. Преку нашите младински програми обучивме, споделивме знаење и ги подготвивме со вештини повеќе од 500тини млади луѓе. Нашите програми за млади се целосно засновани на методите на неформално образование, тие имаат ангажиран пристап насочен кон учесниците и ги ангажираат младите во дискусии за вистински актуелни прашања кои што се релевантни за токму за нив. Еквалис има развиено и бројни финални производи како дел од овие програми.
Младинската програма „What’s Gender Got to Do With It“ им овозможува на младите луѓе да се соберат и да разговараат за тоа како родот, родовата стигма и родовите улоги го предодредуваат нивниот живот. Тие колективно се обидуваат да ги преиспитаат родовите очекувања и да ги скршат негативните родови стереотипи. Учесниците од овие програми беа ангажирани со разновидни феминистички пристапи, тие разговараа за родот надвор од бинарниот конструкт, вежбаа градење на инклузивен простор и создавање на медиумски содржини за членовите на ЛГБТИК+ заедницата. Како дел од програмата беше креиран и средношколскиот весник „Роднаковст“ кој беше дистрибуиран во 4 средни училишта. Групите направија медиумска онлајн кампања и посетија важни настани за правата на жените низ земјатa.
Преку нашите младински програми за активно граѓанство, Еквалис им овозможува на младите луѓе да ги разберат концептите поврзани со активизам, младинско учество, младински ангажман и акции во заедницата. Ние сме домаќини на концептуални настани наречени „Разговор со активисти“, каде што младите луѓе можат да разговараат со активисти од различни области: феминизам, екологија, антикорупција, студентски протести, сиромаштија, мултиетничност и други теми. Дополнително, обезбедуваме филмски проекции, проследени со тематска дискусија, за филмови кои имаат општествено ангажирани теми. Како дел од овие програми, младите луѓе можат да присуствуваат на работилници кои можат да им помогнат да ги подобрат своите вештини за организирање во заедницата, имплементирање на грасрут-акции од мали размери во заедницата, практикување на критичко размислување и креативно активистичко изразување.
Младинската програма за креативни активистички интервенции, ја користи уметноста и уметничките платформи како методи за изразување на младинските грижи и прашања кои бараат внимание од страна на јавноста или институциите. Оваа програма користи креативни уметнички методи како што се: Форум театар (Театар на угнетените), театар на слики, театар на сенки, активистичко хорско пеење, слем поезија, фанзини, постери и јавна уметност. Честопати овие перформанси или уметнички инсталации се изведуваат на јавен простор, каде што имаат значително влијание меѓу локалната заедница и добиваат големо медиумско внимание. Програмите ги водат искусни младински работници и работници од уметноста/културата кои можат да овозможат средина за учење која промовира социјално ангажирана уметност.
Младинските програми за онлајн активизам ги оспособуваат младите како да анализираат, проверуваат факти и да ги користат медиумите за да влијаат врз нивните локални заедници и да донесат позитивни промени во заедницата. Како дел од програмите, младите се обучени како да ги проверуваат изворите на информации и да го оценат кредибилитетот на изворот. Тие се обучени како да користат мобилно новинарство (MO-JO),создвање свои MO-JO видеа, мемиња, подкасти, интервјуа, весници и медиумски кампањи. Младинските програми за онлајн активизам ги водат работници за медиумско образование, новинари, онлајн активисти и онлајн инфлуенсери.