Визијата на Младинската мрежа за еднаквост е инклузивно општество за млади од различни позадини и идентитети.
Мисијата на Младинската мрежа за еднаквост е да ги вклучи младите од маргинални идентитети во процесите на донесување одлуки и да ги елиминира стигмите, предрасудите и стереотипите кон нив преку креирање безбеден простор, активизам, лобирање и локална волонтерска работа.
Мобилизација на младите за ангажман во општествено корисни движења
Промовирање соработка меѓу различни малцински групи.
Истражување и мапирање на проблеми кои ги засегаат младите од маргиналните заедници во нивните локални заедници.
Рушење на предрасудите и стереотипите преку врсничка едукација базирана на неформално образование.
Лобирање за вклучување на младите во процесите на донесување одлуки кои се однесуваат на родовите, сексуални и етнички малцинства.