Ekvalis
17.1.2023
Настани
Еквалис работи на тоа да вклучи и мобилизира младите луѓе во Северна Македонија. Двајца од основачите на организацијата, Сања Михајловска и Ангел Димитриевски, ја опишуваат работата на организацијата сега, кога организацијата се адаптира на кризата од коронавирусот.
Оваа статија е напишана во рамки на промотивниот напис за Еквалис од страна на European Endowment for Democracy, партнер и финансиски поддржувач на Еквалис. Ставовите во оваа статија се ставови на грантистот и не секогаш се официјално мислење на European Endowment for Democracy.
Еквалис младинска програма за онлајн активизам
Сања и Ангел се двајца од петте основачки членови на Еквалис, организација којашто работи со млади луѓе во Северна Македонија со цел да поттикнe младински активизам и волонтерство. Евалис се стреми да ги вклучи и да ги мобилизира младите луѓе во оваа мала држава од Западен Балкан, да станат дел од демократските процеси на својата земја. Основачите на организацијата посветено ја адресираат апатијата кај младите луѓе во оваа држава, којашто, токму сега, поминува низ најголемиот одлив на мозоци воопшто забележан во својата историја, со тоа што многу млади избираат да мигрираат во странство наместо да останат и да инвестираат време и енергија дома.
Основана пред три години, Еквалис се фокусира на три главни области: младински активизам, родова и ЛГБТИ еднаквост и медиумска писменост. Сега организацијата има мрежа на волонтери низ целата држава.
Неформално образование
Сања е едукаторка. Таа претходно има работено во формалниот образовен систем како наставничка во основно училиште, искуство коешто таа што опишува како крајно фрустрирачко. Како што таа објаснува: „Сфатив дека го поминувам поголемиот дел од своето време на работа во бирократија и администрација, постојано работејќи со документи. Имав многу малку време за работите кои навистина ми значат, како што е едукацијата на децата и имањето време да бидам вклучена во нивните животи на начин којшто ќе им значи“.
Како личност којашто поголемиот дел од својот живот била вклучена во граѓански активизам, Сања имала вистинска желба да придонесе кон општеството. Таа и другите ко-основачи на Еквалис веруваат дека традиционалниот образовен систем во Северна Македонија веќе не соодветствува со целта поради тоа што не ги адресира реалните образовни потреби на младите. Концептот на неформално образование, на пример, којшто е срцевината во работата на Еквалис е апсолутно непознат во формалниот систем. Еквалис, со овој проект, сакаше да работи на теми коишто се маргинални во формалниот образовен систем и да вклучи млади коишто се во ризик, особено млади од семејства со ниски примања, со цел да им обезбеди повеќе едукативни можности, вклучувајќи и прилики за едукацитивна мобилност.
Младинскиот хор на Еквалис
Младинскиот хор на Eквалис е еден проектите со највисока видливост. Овој средношколски ученички хор пред сѐ е забавен, им дозволува на младите да се дружат со ученици од различни училишта и од различни позадини, а им нуди и значајна прилика за дружење со ученици коишто можеби имаат значително помалку можноси во своите домови или во своите училишта. Додека хорот го раководи професионален диригент, самиот хор не е составен од професионалци. Фокусот е повеќе на процесот на создавање на материјалот и на синергијата и енергијата коишто произлегуваат од процесот.
Хорот, исто така има цел да служи и за граѓански активизам. Настапите се на јавни места, а се пејат песни коишто се со општествено ангажирана содржина којашто ќе биде забележана од личностите на позиции со моќ. Пред некое време, хорот ја пееше песната „Another Brick in the Wall“ од Пинк Флојд, пред Министеството за образование и наука, што претставуваше протест за критикуваниот образовниот систем во државата.
Ангел Димитриевски, чијашто позадина е во областа на комуникациите, забележува дека социјалните медиуми се, исто така, важен дел од она што организацијата го прави. Еквалис објавува настани како овој перформанс на социјлани медиуми, како Инстаграм и Фејсук, коишто подоцна се забележани од меинстрим медиумите. На овој начин работата на организацијата го добива вниманието на владините институции, директорите на учичиштата и родителите.
Но, во оваа општествено конзервативна држава, дури и пеењето може да биде предизвик. Многумина од учениците коишто учествуваа на овој перформанс беа загрижени за своето учество. Тие не беа сигурни дали нивните професори ќе им дозволат да учествуваат. Истото се случуваше и за време на скорашните протести за животна средина, каде што некои училишта дури и ги заклучија учениците во училиштата, со цел да ги спречат да се приклучат на протестот. Ангел вели дека таа авто-цензура е голем проблем за голем број млади коишто не се чувствуваат слободно да се изразат себеси онака како што тие сакаат.
Родова еднаквост и ЛГБТИ иницијативи
Ова е прашање особено релевантно за родовата еднаквост и за ЛГБТИ програмите коишто Еквалис ги спроведува. Ангел објаснува: „Нашата програма за родова еднаквост функционира според принципот на врсничка едукација“, така што, младите коишто веќе ја поминале програмата, во следниот циклус можат да ја водат. Покриваме теми како од областите на род и сексуалност. Секогаш произведуваме нешто конкретно на крајот од секоја програма. Минатата година објавивме списание којшто се дистрибуираше во средните училишта. Годинава, нашата тема ќе биде „Ајде да зборуваме за секс!“
Македонскиот образовен систем може да биде особено самотно место за ЛГБТИ+ младите. Еквалис обезбедува сигурен простор за ЛГБТИ+ младите да се соберат и да се сретнат едни со други, и за некои ова може да е прва прилика да се аутираат за својата сексуалност. Некои од нивните приказни се навистина потресни. Димитриевски раскажува за млад човек на којшто наставникот му кажал да скокне од прозор доколку е геј, приказна којашто нему и на другите им е тешко да ја проголтаат.
До скоро, волонтерите на Еквалис немаа конкретно место за средби, а целокупната работа беше сработена целосно волонтерски. Проектот од ‘Europrean Endowment for Democracy’ (ЕЕД) им овозможи да изнајмат и да опремат простор за своите активности. Овој младински простор беше официјално отворен во декември 2019.
Справување со Ковид-19: Програмата за медиумска писменост се спроведува онлајн
Денес, за време на кризата со коронавирусот, младинскиот простор на Еквалис, како и многу слични места во светот, е затворен. Сања и Ангел сега работат од дома, додека целата држава е под карантин, па тие, заедно со младинската волонтерска група, изнаоѓаат иновативни начини да продолжат со работата.
Организацијата веќе спроведе некои одлични идеи. Објавува содржини кои поттикнуваат почитување на мерките за заштита од вирусот, објавува различни предлози за младите за читање, филмови, музика. Исто така, Еквалис има и волонтерска група којашто им помага на родителите со читање книги по телефон за децата. Книгите се, исто така, со инспиративна содржина, како што е, на пример, „Приказни за добра ноќ за бунтовни девојчиња“.
Најпосле, можеби токму програмата за медиумска писменост е онаа којашто е најважна за време на една ваква криза. Дваесет младинци требаше да почнат со програмата за онлајн активизам во младинскиот простор, но, сега, сите активности мора да бидат префрлени онлајн, а учесниците ги држат средбите преку платформата ZOOM, како и преку други платформи. Прво на агендата е прегледот на прашања поврзани со коронавирусот, како, на пример, одговорно да се примаат и споделуваат вестите, како да се детектира што е вистинска а што е лажна вест и како да се препознаат дезинформциите.
Како и сите ние, Сања и Ангел се надеваат дека оваа криза наскоро ќе заврши и очекуваат наскоро да се вратат назад во физичкиот простор и директно да работат со младите коишто се, впрочем, срцевината на овој проект. При крајот на оваа година, тие планираат да спроведат уште програми за медиумска писменост, како и едукативни работилници за млади луѓе во рамките на летните фестивали. Покрај ова, секако, Еквалис продлжува со својата задача за обука на повеќе врснички едукатори, и поттикнување повеќе волонтерство меѓу младите.
*Оваа статија е напишана во рамки на промотивниот напис за Еквалис од страна на European Endowment for Democracy, партнер и финансиски поддржувач на Еквалис. Ставовите во оваа статија се ставови на грантистот и не секогаш се официјално мислење на European Endowment for Democracy.