Ekvalis
17.1.2023
Настани
Младинската програма на тема „Врсничко насилство“ е отворена за средношколци од територијата на град Скопје. Врсничкото насилство е голем проблем во нашето општество и многу често е застапено и во различни форми, и многу од средношколците претрпуваат големи трауми кои ги следат низ целиот живот. Поради тоа е од голема важност овие теми да бидат дискутирани и отворани меѓу младите. Младинската програма за врсничко насилство ќе биде спроведена преку врсничка едукација односно од страна на претходно обучени средношколци коишто ќе ја водат програмата.
Програмата е составена од две едукативни работилници и еден јавен перформанс преку којшто ќе бидат отворени темите за врсничко насилство меѓу средношколците користејќи креативни театарски методи. Како продукт од работилниците ќе се изведе театар на замрзнати слики на Плоштад Македонија.
Театар на замрзнати слики е перформанс каде што една личност или група имаат улога на замрзнати статуи. Ваквиот тип на театар има едукативна позадина за како да го сфатиме тоа што го гледаме од страна. Учесниците не смеат да користат говор, ниту мимики и гестови. Тие го користат само сопственото тело и неговата поставеност со цел да пренесат некоја идеја, проблем или емоција. Од учесниците не се очекува да имаат претходно искуство со актерска игра, бидејќи фокусот ќе биде ставен на проблемот во врска со врсничкото насилство, а не на актерските способности.
Програмата е составена од две едукативни работилници и еден јавен перформанс во следните дати:
1.Едукативна работилница за врсничко насилство- 08 февруари од 11:00
2.Едукативна работилница за користење на креативни театарски методи- 16 февруари од 12:00
3.Јавен перформанс со театар на замрзнати слики- 16 февруари
Сите учесници мораат да бидат присутни на двете работилници и на јавниот перформанс. По присуството на двете едукативни работилници и јавниот перформанс сите учесници ќе добијат сертификат за учество на програмата.
Заинтересираните учесници треба да го пополнат апликацискиот формулар кој што можете да го најдете во продолжение (https://forms.gle/vRXmh9AfL3ZiQLAj9). Крајниот рок за доставување на апликациите е до 31 јануари до 23:59 часот. За дополнителни информации во врска со апликацискиот формулар, ве молиме контактирајте не на info@ekvalis.org.mk
Младинската програма за „Врсничко насилство“ е продукт од тренингот „Врснички едукатори за мировно образование“ кој беше одржан во Кратово и е финансиски подржана од Европската младинска фондација и Советот на Европа.