Ekvalis
17.1.2023
Настани
Младинската размена „Реагирај против врсничко насилство и вознемирување“ е отворена за средношколци од територијата на град Скопје. 4 дневната младинска размена ќе се одржи од 31 јануари до 03 февруари во Кратово. Сите трошоци поврзани со хотелско сместување, храна, транспорт и материјали за работа се покриени од страна на организаторот.
Младинската размена го отвора проблемот на врсничко насилство и вознемирување за којшто статистиките говорат дека младите ги практикуваат вербалното вознемирување и физичко вознемирување во училиштита, а овој проект ќе го третира и сајбер вознемирувањето и насилство како подеднакво важен проблем. Врсничкото насилсто и вознемирување е важно да се намали и искорени не само затоа што често пати нивната есклација доведува до физички пресметки меѓу учениците, туку затоа што на психолошко ниво голем број на средношколци ги интернализираат вербалните навреди и понижувања и како последица на тоа живеат со депресија, анксиозност, панични напади, а некои и завршуваат со самоповредување и самоубиство.
Младинската размена ќе работи на детекција на примери на врсничко насилство од училишните средини на учесниците и изнаоѓање на решенија за како тие да бидат надминати преку креативни театарски методи и тоа:
- Театар на замрзнати слики - Театар на замрзнати слики е перформанс каде што една личност или група имаат улога на замрзнати статуи. Ваквиот тип на театар има едукативна позадина за како да го сфатиме тоа што го гледаме. Учесниците не користат говор, ниту пак знаци. Тие го користат сопственото тело за комуникација со цел да пренесат една идеја, проблем, емоција или настан.
- Форум театарот (уште познат и како театар на опресираните) има за цел да ја намали дискриминацијата на одредени групи, да се бори против угентување и да даде решенија на социјални проблеми преку театар. Форум театарот претставува колекција на игри и вежби каде што учесниците доаѓаат во контакт со сопственото тело и глас, помагаат на другите и учат работа во тим.
- Театар на сенки- Игра на сенки или познато како куклен театар со сенки е древна форма на раскажување и забава која користи рамни артикулирани фигури (сенка кукли) за да се создаде впечаток на движењето на луѓето и другите три-димензионални објекти. Сенка куклите се склопка на личности кои се одржуваат помеѓу изворот на светлина и проѕирен екран или вид на завеса.
- Јавна акција за подигнување на свеста за врсничко насилство и вознемирување преку театар на замрзнати слики – 9 февруари (сабота)
- Форум театар, отворен настан за посетители – 16 февруари (сабота)
- Театар на сенки, изведба на креираните сцени за време на младинската размена- 23 февруари (сабота)