Еквалис ги вклучи медиумската писменост и медиумското образование како дел од своите интегрални стратешки цели. Нашите програми за медиумско образование се засноваат на иновативни и интерактивни пристапи. Медиумските програми во Еквалис ги водат професионални работници во медиумско образование кои се специјализирани да работат со еден од најразвиените концепти за медиумска писменост (како оние во Финска), новинари, проверувачи на факти, младински активисти и младински медиумски влијателни лица.
Еквалис работи со медиумите со цел да ја зголеми позитивната медиумска репрезентација на маргинализираните заедници и директно вклучување на овие заедници во креирањето на нивните лични наративи кои често се занемаруваат или отфрлаат. Еквалис работеше на регионален проект во Западен Балкан, вклучувајќи младински активисти од Северна Македонија, Србија и Република Косово за создавање на алтернативни медиумски наративи. Преку неформален пристап на обука, Еквалис ги обучи овие младински активисти за тоа како да мапираат и анализираат постоечки штетени наративи на основ на етничка припадност, пол и сексуална ориентација, и дополнително да ги трансформираат – преку создавање алтернативни наративи во форми на подкасти, мемиња и кампањи за подигнување на свеста.
Спроведовме неколку кампањи за подигнување на свеста на медиумите, насочени кон малцинствата, вклучувајќи: прикажување на лица со попреченост и мајки на лица со попреченост (со специфичен родов елемент во оваа тема), кампањи за подигање на свеста за ЛГБТИК+ лица и медиумски кампањи за телесна автономија, демократија и слобода на собир.
Преку нашите програми за медиумско образование – ги подготвуваме нашите учесници со потребните медиумски вештини кои се клучни за градење на демократски и еднакви општества. Еквалис работеше и со истражувачки новинари кои обучуваа млади луѓе, како критички да ги анализираат медиумите, како да работат со извори на информации, да ги проверуваат вестите, ги научија за основите на мобилното новинарство (MO-JO) од кое беа обучени како да снимаат, произведуваат, уредуваат и дистрибуираат MO-JO видеа, само со користење на нивните телефони и известување за некои критични места и средини.
Еквалис е воедно и членка на Мрежата за медиумска писменост на Република Северна Македонија. Мрежата за медиумска писменост е создадена со цел да се олесни комуникацијата и консултациите меѓу различните субјекти во државата кои работат на подигнување на нивото на медиумска писменост за сите граѓани. Ова треба да придонесе за почеста соработка меѓу релевантните фактори и за овозможување подобри и поодржливи резултати од проектите.