Преку квир клубот се стремиме да ја негуваме културата на квир заедништво. Во време кога квир заедницата доживеа изолација којашто беше пренагласена во ковид пандемијата и по неа, кога нашите социјални и активистички кругови почнаа да се стеснуваат и кога нашите врски стануваа се поистенчени- потребно е повеќе од било кога да ги реизградиме и зацврстиме тие врски.
На изложбата Квир љубов, наследство и отпор беа прикажани фотографии од квир парови, поединци кои се идентификуваат како квир, како и активисти кои се борат за правата на квир заедницата. На изложбата беа прикажани и сегменти од интервјуа направени со сите учесници, како и предмети кои имаат силно емотивно значење и кои се поврзани со први состаноци, заеднички патувања, љубовни писма, фотографии или предмети од нивниот дом. Оваа изложба беше обид да се прикаже љубовта на квир луѓето надвор од нашите 4 ѕида, каде често ни се вели да ги задржиме нашите односи, семејства, животи и идентитети. Со влегувањето во светот на квир луѓето и паровите, сакавме да дадеме увид во интимноста, да ги претставиме нашите животи како не помалку валидни од другите форми на постоење или разбирање на концептот на семејство. На овој начин сакавме да им дадеме ново значење на нашите приватни простори и домови, или нашите 4 ѕида, како места на радикална љубов, љубов и поставување нови насоки за тоа како да се градат односи, наместо како места за криење на нешто што треба да биде видливо.
Приказните за квир паровите и поединците беа собрани од членовите на Квир клубот на Еквалис. Тие беа оние кои правеа интервјуа со паровите/поединците кои потоа беа транскрибирани и од нив беа избрани најмоќните пораки кои ќе се користат на изложбата. Тие беа обучени за собирање на овие приказни од менторите и партнерите на Еквалис од српската иницијатива „Nasa 4 Zida“. Заедно со членовите на Квир клубот на интервјуата одеше и фотограф кој ги направи фотографиите кои потоа беа изложени. Секој учесник на изложбата имаше можност да избере дали ќе бидат прикажани на сликите со или без лице, а фотографот потоа ги фотографираше во зависнот од нивните барања.
Изложбата имаше огромно влијание врз ЛГБТИК+ заедницата и нашите поддржувачи. Беше прикажана во Скопје и на Д фестивал во Дојран. Стотици посетители беа сведоци на моќните пораки на квир љубов, наследство и отпор низ различните делови на изложбата.
Социјалните активности на Квир клубот се организираат во просториите на Еквалис и се отворени за јавноста, но организацијата на настаните е внимателно планирана со цел да се обезбеди безбедноста на оние кои доаѓаат на нив. Активностите варираат, но досега клубот организираше: две ноќи на игрње друштвени игри, работилница „Истополови парови во Србија преку изложбата на Nasa 4 Zida“, две филмски вечери, ноќ на резбање тиква за Ноќта на вештерките, разговор со активист со локална квир активистка и работилница за драг. Овие активности се отворени за квир лица, но и за сојузници. Целата на активностите е неформално дружење и градење на еден безбеден простор за експресија и слободно постоење.