Членовите на Младинската мрежа за еднаквост се искусни активисти во стратешките области на дејствување на Мрежата. Тие се активни и мотивирани млади, спремни да се дел од процесите на општествени промени.
Членовите на Мрежата ќе бидат вклучени во предложување, спроведување и оценување на проектните активности во Еквалис, како и изворно застапување за младинските позиции кога Еквалис ќе застапува за одредени прашања од својата мисија на институционално ниво. Покрај тоа, членовите на Мрежата имаат свои лидерски позиции во локалните заедници каде што живеат.
Прочитајте ги нивните биографии и како да ги контактирате!
Иван Алинчанец е Квир ЛГБТИ+ активист од Прилеп. Неговиот активизам потекнува од желбата за подобро утре и непокор кон бинарната хетеронормативност. Иван е веќе неколку години активен граѓанин кој се занимава со повеќе сфери на активизам и волонтерство – со фокус на маргинализираните заедници. Тој исто така ужива во читање и истражување на актуелни светски и политички теми.
Иван во моментот е студент по психологија со идеи за понатамошна истражувачка дејност во социјалната психологија. Како член на Младинската мрежа за еднаквост, Иван ја поддржува Мрежата преку своите организациски, комуникациски и истражувачки вештини.
Со Иван може да стапите во контакт преку ivan65859@gmail.com.
Ана Павлова е активистка од Струмица која се залага за еднакви права за сите. Општествените неправдини и дискриминации кон маргинилизирани групи и се главната мотивација која ја има водено низ нејзиното долгогодишно искуство со активизам.
Ана има учествувано во многубројни работилници, проекти, протести, настани и младински дружби од кои што има стекнато различни искуства и вештини. Таа во своето време обожава да учи и истражува за психологијата и да слуша техно музика. Како членка на Младинската мрежа за еднаквост таа допринесува кон неа со нејзините вештини како за логистика, организирање на настани и фотографирање.
Со Ана може да стапите во контакт преку ana.pavlova951@gmail.com.
Даниел Проданов е активист за човекови права од Струмица. Неговата мотивацијата за активизам оди години наназад и вклучува застапување за правата и потребите, еднаквоста и видливоста на ЛГБТИ+ заедницата, со акцент на трансродовата заедница.
Даниел е инволвиран во првата иницијатива на трансродовата заедницата во Македонија – ТрансФормА уште од нејзиното основање. Тој учествувал и во организацијата на првиот Марш за видливост на транс луѓето во 2019 година во нашата држава, зборувал на неколку живи книги/библиотеки и два пати волонтирал на Скопје Прајд (Skopje Pride). Подоцна во активизмот почнал да се едуцира и информира за правата и потребите на сексуалните работници/чки, сеопфатна ХИВ превенција и интерсекционалност.
Со Даниел може да стапите во контакт преку daniel97prodanov@gmail.com.
Денис Рајхл е активист од Скопје кој се бори за правата на жените и ЛГБТИ младите. Имајќи ги истражувано проблемите на овие маргинализирани заедници, тој почувствувал потреба како сојузник да се бори за нивна подобра прифатеност во општеството. Денис има учествувано и волонтирано во неколку маршови за спречувано на сексуалните вознемирувања и напади врз жените. Исто така тој ги има брането правата на ЛГБТИ младите во бројни неформални и онлајн дискусии.
Покрај активизмот, во слободно време тој ја користи секоја прилика да патува околу светот и на тој начин да се запознае со млади од други позадини и идентитети.
За време на неговите студии, Денис има посетувано предавања и работилници на темата на нееднаквост, вклучувајќи економска, социјална, родова и национална нееднаквост. Во скопл на Младинската мрежа на еднаквост, Денис придонесува со своите вештини на фотографирање, водење работилници и создавање препораки.
Со Денис може да стапите во контакт преку denisrajhl10@gmail.com.
Дони Гошевска е феминист и ЛГБТИ+ активист од Богданци. Мотивација за работа со овие теми добива од растењето во опресивно патријархално општество и желбата да го промени тоа, со цел постигнување родова еднаквост и прифаќање на ЛГБТИ+ заедницата.
Дони има учествувано во повеќе работилници и тренинзи на овие теми, како и организирање свои работилници и неформална едукација на своите врсници. Во слободно време истражува на разни теми и социјални прашања и ужива во прошетки на сонце. Кон Младинската мрежа за еднаквост придонесува со своите вештини за интервјуирање, јавно говорење и креативно пишување.
Со Дони може да стапите во контакт преку mgoshevska77@gmail.com.
Ивона Трајковска е борец за човекови права. Нејзината мотивација за работа на темите поврзани со човековите права доаѓа од нејзиното секојдневно сосредочување со нив и преку работата со други млади луѓе.
Ивона била дел од повеќе програми каде се обработувале теми поврзани со работа со маргинализирани заедници и таа секогаш била застапник за истите. Таа е обожавател на книги, сака да чита и да дискутира за нив.
Како членка на Младинската мрежа за еднаквост Ивона ја поддржува Мрежата преку нејзините вештини за телефонска комуникација, креативно пишување, и застапување пред институции.
Со Ивона може да стапите во контакт преку ivona.trajkovska77@gmail.com.
Јована Костенцова е поборничка за родова еднаквост и правата на ЛГБТИ+ младите од Скопје. Нејзината мотивација е вкоренета во будење на јавната свест во погоренаведената конотација.
Повеќепати има учествувано и ораганизирано проекти и фокус групи на тема на родова еднаквост и сексуално сеопфатно образование. Покрај ова, таа е голем љубител на книгите и филмовите, инспирирано од нејзиното претходно учество во актерски игри.
Со Јована може да стапите во контакт преку kostencovajovana@yahoo.com.
Елена Чикос е поборничка за родова еднаквост и правата на ЛГБТИ + заедницата. Нејзината силна мотивираност доаѓа од директната работа со жени со различни маргинализирани позадини и како сојузничката на ЛГБТИ + заедницата.
Елена учествувала во креирање на “Прирачник за социјална работа со ЛГБТИ луѓе во Република Македонија”, била волонтерка на Првата парада на Гордоста, а преку секојдневен контакт со кориснички на социјални права и услуги и членовите на колективот во кој работи ги актуелизира темите на родова еднаквост и правата на ЛГБТИ+ заедницата.
Елена е дипломирана социјална работничка и психотерапевтка под супервизија со дополнителни едукации во полето на родова еднаквост и долгогодишно искуство во работа во мултиетнички средини. Слободното време го поминува со своето семејство и заеднички прошетки во природа.
Како членка на мрежата, Елена ја поддржува мрежата преку нејзините вештини за менторство, водење на работилници и организирање на фокус групи.
Со Елена може да стапите во контакт преку eli_risteska@yahoo.com.
Кристина Лазарова е феминистка и поборничка за првата на ЛГБТИ+ младите во Гевгелија. Нејзината мотивација доаѓа од се по видната дискриминација која потекнува од недоволна едукација на темата.
Кристина ги следи истражувањата поврзани со младите кои се дел од ЛГБТИ+ заедницата и дискриминацијата со која се соочуваат. Таа во своето слободно време чита разни книги, пишува есеи на разни теми и ужива во поминување на време со своите најблиски.
Како членка на Младинската мрежа за еднаквост, Кристина ја поддржува Мрежата преку нејзините вештини за креативно пишување, организација на настани и работа со социјални мрежи.
Со Кристина може да стапите во контакт преку klazarova27@gmail.com.
Марија Кобурска е дипломиран социјален работник и е поборничка за правата на маргинализираните групи. Нејзината побуда за активизам доаѓа од директна работа со лица со попреченост.
Марија има дипломирано на тема “Социјална заштита на деца – Правна и институционална рамка”. Нејзиното хоби е читање книги, редовни прошетки и физичка активност. Како членка на Младинска мрежа за еднаквост таа ќе ја поддржува Мрежата преку вештини за фотографирање, креативно пишување и деск истражување.
Со Марија може да стапите во контакт преку mkoburska98@gmail.com.
Мартин Димитровски е застапник за човековите права. Инспирацијата за работата на темата потекнува од постојаните предрасуди со кои се сретнува. Повеќепати се има залагано против предрасудите како и работа и разбирање на проблемите на маргинализираните заедниците.
Слободното време Мартин го поминува играјќи одбојка. Како член на Младинската мрежа за еднаквост, Мартин ја подржува мрежата преку неговите вештини во дизајн, интервјуирање и мејл комуникација.
Со Мартин може да стапите во контакт преку dimitrovskimartin72@gmail.com.
Мима Николова е феминистка и поборничка за правата на ЛГБТИ+ младите од Гевгелија. Нејзината побуда за работа со овие теми доаѓа од секојдневната дискриминација која е застапена во општеството како и недоволната запознаеност на луѓето со овие теми. Таа се застапува за правата на ЛГБТИ+ луѓето и активното учество во Парадата на Гордоста.
Мима е голем љубител на животни со кои ужива да го искористи своето слободно време, како и љубител на музика и сака да испробува свирење на различни инструменти. Како членка на Младинската мрежа за еднаквост, Мима ја подржува мрежата преку нејзините вештини за работа со социјални мрежи, организирање настани и анализа на информации во извештаи.
Со Мима може да стапите во контакт преку mnikolova737@gmail.com.
Невриј Адеми е истражувачки новинар и активист за правата на етничките малцинства. Неговата побуда за овие теми доаѓа од работата како новинар и контактите со луѓето од маргиналните групи.
Невриј сака да работи и волонтира на едукативни програми за маргиналните групи. Тој често како новинар во медиумите кадешто работи пишува истражувачки написи за теми поврзани со човечкови права. Тој е и писател, автор на 5 збирки поезија како “Дневникот на мојата болка” и “На брегот на морето на љубовта” . Невриј е апсолвент на државен универзитет во Тетово, отсек Новинарски студии. Тој работи во неколку медиуми во Македонија и Албанија.
Како член на Младинската мрежа за еднаквост, Невриј ја поддржува мрежата преку неговите вештини во ораторство, креативно пишување, аудиовизуално промовирање и објавување во медиуми.
Со Невриј може да стапите во контакт преку nevrijademi01@hotmail.com.
Нергин Сејфовски од Скопје е активист за човекови права, со 12 годишно работно и волонтерско искуство во домашни и меѓународни организации. Нергин има искуство во работа со млади како едукатор.
Нергин е автор и ко-автор на документи за јавни политики на темите родова еднаквост и законот за абортус. Тој се има стекнато со бројни награди и признанија од меѓународен карактер. Дипломиран е во насока за јавна администрација и политички науки.
Нергин како член на Младинската мрежа за еднаквост, преку неговите вештини ќе ја поддржува мрежата во организација на фокус групи, состаноци, настани, мејл комуникација, логистика и телефонска комуникација.
Со Нергин може да стапите во контакт преку nergin@redi-ngo.eu.
Симона Филипоска е застапник за човековите права од Гостивар. Таа е мотивирана да работи на темата за еднаквост бидејќи смета дека е важно да се постигне еднаквоста во светот и дека тоа може да се направи преку активизамот.
Има учествувано на проекти и активности кои обработувале теми поврзани со работата со маргинализирани групи и се стреми за уште поголема активна вклученост во нив. Во слободно време сака да пишува поезија, чита книги и оди на прошетки во природа.
Како членка на Младинската мрежа за еднаквост, Симона ја поддржува Мрежата преку нејзините вештините за креативно пишување, промоција на социјалните мрежи и организација.
Со Симона може да стапите во контакт преку simonafiliposka34@gmail.com.
Софија Матовска е активна феминистка од Скопје. Револтот кон неправдите со кои се соочила во текот на својот живот и служи како мотивација за работата во општествената заедница. Од организирање на герила акции и хуманитарни настани за лица од различни маргинализирани групи, па сѐ до јавно застапување на човекови права на многубројни протести, Софија има богато искуство со интернационални здруженија за интегрирање на меѓуетнички соживот во училиштата и државните институции.
Покрај нејзината желба за волонтирање, се занимава и со режија и свирење гитара во своето слободно време. Софија е обучен врснички едукатор за ССО (Сеопфатно Сексуално Образование) и негово имплементирање во формалното образование.
Како членка на Младинската мрежа за еднаквост, Софија ја поддржува Мрежата преку нејзините вештини во ораторство, организирање на теренски анкети и водење на работилници.
Со Софија може да стапите во контакт преку sofijamatovska@yahoo.com.
Филип Ицовски е млад истражувач и поборник за родовата еднаквост и родовите релации од Скопје. Неговата побуда за работа на овие теми доаѓа од општествената несвесност за нееднаквоста и неприфаќањето на различностите и маргинализираните групи како рамноправни членови на општеството. Обработува теми врзани со родовиот идентитет, ги истражува општествените родови ограничувања. Ужива во уметноста во сите облици, како сликар аматер ја користи уметноста како алатка во својот активизам.
Филип е лингвист, дипломиран преведувач по француски и англиски јазик. Моментално работи на својата магистерска теза на Институтот за родови студии при УКИМ. Со својот елоквентен, остар каузалистички и аналитички пристап на пишување дава особен пристап кон проблемите и потребите поврзани со родот и родовиот идентитет.
Како член на Младинската мрежа за еднаквост, Филип ја поддржува мрежата преку неговите едукаторски вештини, како и креативно изразување преку визуелните уметности и пишаниот збор.
Со Филип може да стапите во контакт преку filip.icovski@gmail.com.