Еквалис го објави прирачникот за активно граѓанство, кој беше промовиран на националната конференција за активно граѓанство „КритикУМ“. Авторка на прирачникот е м-р Сара Миленковска, а прирачникот е во издаваштво на Еквалис и во голема мерка е инспириран од темите коишто ги обработуваме во нашите едукативни програми. Прирачникот е преведен и на албански јазик.
Прирачникот за активно граѓанство го креиравме со цел да им помогне на идните граѓански и младински активисти и активистки во опремување со вештини и промислување на пристапите кон дејствување за општествено горливите проблеми. Прирачникот одговора на предизивиците поврзани со напади врз демократијата и кон прашања за корупцијата, климатската криза, прекршувањето на човековите права, ученичките, студентски и работнички права, слободата на изразување и слободата на здружување.
Методите, пристапите и платформите во овој прирачник се разнолики и варираат во поглед на нивната структура, форма, како и степен на ризичност. Низ нашата работа увидовме дека младите се комфорни во практикување на различни форми на активизам. Тоа може да е условено од средината каде што живеат, од нивната маргинална позиција, нивната изложеност и дали активизмот којшто го практикуваат може да е јавен или некогаш треба да остане и таен.
Прирачникот на македонски јазик може да го погледнете и преземете тука.
Прирачникот на албански јазик може да го погледнете и преземете тука.
Изработката на овој прирачник е поддржана од National Endowment for Democracy, но мислењата изразени во оваа публикација не ги изразуваат ставовите на донаторот.