Како заеднички напор на нашите активни членови, Еквалис спроведе хуманитарна акција наречена „Хуметност“, која се состоеше од два дела. Во првата фаза, членовите се собираа секој викенд за да направат рачно изработени новогодишни честитки, кои ги продаваа со цел да соберат донации за добротворни цели.
Вториот дел од хуманитарната кампања опфати организирање на два настани за собирање средства. Нашиот прв настан беше отворена саботна вечер со музика, продажба на рачно изработени слики и божиќни честитки. Како втор настан, нашите волонтери организираа поетско читање. Бевме домаќини на околу 10 млади луѓе кои читаа своја поезија, како и поезија на други автори. Двата настани беа голем успех.
Преку овие настани можевме да собереме средства и да го имплементираме нашиот концепт „Училишен комплет за секое дете“, и да ги поддржиме децата кои се во ризик од Дневниот центар за деца од улиците, во Шуто Оризари.