Здружението за развој на образованието Еквалис, беше партнер во спроведувањето на проектот „Препознавање и дејствување против врсничкото вознемирување преку театар“. Проектот беше поддржан од Фондацијата Отворено општество преку индивидуален грант доделен на Ангел Димитриевски, младински работник од Еквалис.
Целта на овој проект беше да се подигне свеста кај средношколците за негативните влијанија на врсничкото вознемирување и да се генерираат решенија за решавање на овие проблеми преку театарот, како платформа за младински активизам.
Главните активности на проектот беа:
• Средношколска младинска размена - Младинската размена ангажираше 17 средношколци од Скопје на 4-дневна интензивна програма која им овозможи да разговараат за причините за врсничкото вознемирување во средните училишта и илустрираа конкретни примери за различни форми на вознемирување. Размената ги припреми учесниците да понудат решенија за решавање на ситуации на вознемирувањето со користење на театарот како креативна платформа за артикулација на гласовите на младите и за зајакнување на младинското дејствување. Како резултат на младинската размена, учесниците создадоа три театарски претстави за зголемување на јавната свест, за прашања поврзани со врсничко вознемирување.
• Форум театарските претстави (познати и како театар на угнетените) имаа за цел да се борат против маргинализацијата на одредени заедници, да се борат против угнетувањето и да понудат решенија за општествените проблеми преку театарот. Форум театар е збирка на претстави и вежби каде учесниците го спознаваат своето тело и глас, им помагаат на другите и учат тимска работа. Учесниците изведоа две форумски театарски претстави кои ги истакнаа прашањата за психичкото малтретирање во училницата. Многу присутни се приклучија на интервентниот дел, а решенијата за конкретните сцени беа решени со помош на наставници, педагошки работници, родители и претставници на институциите.
• Театар на сенки - исто така познат како куклена игра на сенки, е древна форма на раскажување приказни што користи рамни зглобни исечени фигури (кукли со сенки) кои се поставени помеѓу извор на светлина и проѕирен екран или платно. Исечените форми на куклите понекогаш вклучуваат проѕирна боја или други видови детали. Различни ефекти може да се постигнат со поместување и на куклите и на изворот на светлина. Средношколците од овој проект направија три сцени, кои ги истакнаа проблемите на интернет-вознемирувањето. Сите создадени сцени ги вклучија учениците во создавањето на приказните, рачно изработените кукли и работата со светла. Сцените беа изведени во првиот Театар на сенки во Македонија.
• Театар на замрзнати слики - е една од најраспространетите форми на Театар на угнетените, во која активисти, студенти или која било група се поканети да формираат статуи кои претставуваат момент во време, на угнетувачка ситуација. Сликата потоа може да послужи како отскочна даска за критичко групно размислување со цел подобро да се разбере ситуацијата и да се испробаат можните „решенија“. Учесниците на проектот имаа 3 јавни претстави преку Театарот на замрзнати слики, каде симулираа сцени на физичко насилство во училишен двор. Сцените предизвикаа интерес и љубопитност кај луѓето кои минуваа.