Држава: Естонија
Еквалис имаше 6 учесници кои беа национални претставници на Младинската размена „Alcohol, No Tnx!“, во Талин-Естонија. Во текот на размената, беа имплементирани активности за неформално учење, бидејќи веруваме дека тоа е соодветен начин да се постигне разбирање за навистина важните прашања со кои се занимаваше размената, а тоа се злоупотребата на алкохол, нејзините причини и неговото влијание. Поконкретно, учесниците:
- дискутираа во групи за алкохолот и неговите негативни ефекти врз психосоматското здравје на поединците.
- преку дијалог, раскажување искуства и интервјуа со граѓани на отворено, ги бараа примарните причини кои ги водат младите кон алкохол. Резултатите од активноста беа претставени во кратко видео креирано од групите учесници.
- Беа ангажирани во игра на театарски улоги со претставување на семејни ситуации и однесувања понекогаш за имитација, а понекогаш за избегнување на алкохол. На крајот од секоја претстава, и актерите и гледачите ги опишуваа чувствата што ги доживеале.
- предложуваа алтернативни начини на забава, без злоупотреба на супстанции како што се алкохол и цигари.
- стекнаа вредни алатки кои ќе им помогнат во решавање на проблеми, зајакнување на самодовербата, ослободување од стрес, одржување на здрави врски и воспоставување нови контакти итн.
- создадоа информативни и советодавни брошури за млади на англиски јазик.
Македонскиот тим реализираше сопствена работилница „АЛКОХОЛ = ЗАБАВА, мит или реалност“ по нивното враќање во Македонија. Целта на работилницата беше тие да го пренесат знаењето што го стекнаа на размената.