Еквалис успешно го спроведе проектот „Мировно образование за инклузивни училници“, кој беше нашиот прв проект од програмите за мировно образование на кои работи Еквалис. Овој проект беше поддржан од Европската младинска фондација и Советот на Европа.
Во Ноември 2018 година ја реализиравме првата работилница од обуката за мировно образование со 20 средношколци од нашата партнер институција, СУГС „Браќа Миладиновци“. Учесниците следеа интензивна програма за градење тим, тимска кохезија и меѓусебно запознавање, што беше вовед во нивното учество на оваа обука составена од три работилници и една студиска посета. На вториот дел од работилницата разговаравме и работевме со концептите на култура, различност, социјална вклученост и борба против предрасудите, стереотипите, дискриминацијата и сегрегацијата. Имавме можност да ги запознаеме студентите со Европската младинска фондација и Советот на Европа кои го финансираат овој проект. Голема благодарност до Александра Дичевска, советник за меѓународна соработка во Агенцијата за млади и спорт, која ја претстави Европската младинска фондација, и ги покани студентите на посета во Агенцијата за млади и спорт.
Еквалис ја организираше втората работилница од обуката за мировно образование со 20 средношколци од нашата партнерска институција, СУГС „Браќа Миладиновци“. Првиот дел од работилницата ги вклучи учениците во разбирање и практикување на влијанијата на невербалната и вербалната комуникација кон решавање на конфликти. Преку употребата на театарот со замрзнати слики, групите презентираа три конкретни примери на физичко насилство: семејно насилство, родово насилство и насилство врз етничка основа, и разговараа за причините зошто се случуваат тие настани и како можат да ги спречат. Во вториот дел од работилницата, работевме со концептите на род и родова застапеност во медиумите. Групите требаше да ја испитаат содржината во весниците што го претставуваат родот во позитивна или негативна перспектива. Откриени се различни примери во однос на родовата застапеност во медиумите поврзани со модата, спортот, политиката, поделбата на домашната работа и можностите за образование.
Третиот ден од нашата обука за мировно образование во СУГС „Браќа Миладиновци“ работевме на градење доверба и заеднички визии за решавање на конфликти. Учениците учествуваа во вежба за играње улоги наречена „Прошетка на моќ“. Требаше да влезат во одредена улога на личност во општеството и според изјавите прочитани од тренерите, да се позиционираат во различни делови од училишната спортска сала. Со тие позиции и изјави, тие потоа разговараа за нивоата на маргинализација и привилегии во општеството и се обидоа да направат корелации. Во последната фаза од работилницата, учениците открија три вообичаени проблеми во училиштето: физичко насилство, разбирање на улогите на училишните психолози и сегрегација во училиштето. За секој проблем, групите предложија три акции и изработија два акциони планови за решавање на конфликти на македонски и албански јазик. Плановите за акција беа презентирани пред другите ученици во училиштето во фазата на дисеминација, по завршувањето на обуката.
Четвртиот ден, нашата група ученици од СУГС „Браќа Миладиновци“ учествуваше во студиска посета во младинскиот центар „Сакам да знам“. Тие имаа можност да се запознаат со различните можности што ги нуди овој Центар како што се бесплатни услуги за психолог, дерматолог, тестирање за ХИВ или гинеколог. Мери Цветковска од ХЕРА зборуваше за различните пристапи за тоа како ХЕРА се обидува да ги вклучи младите во промовирањето на сеопфатното сексуално образование. Разговаравме и за некои митови што ги има општеството за ХИВ и како насилството може да се манифестира во односите. Дороти Пачкова од организацијата „Една може“, се приклучи на оваа студиска посета и ги запозна нашите студенти со еднородителските форми на семејства како легитимни форми на семејства во македонското општество. Дороти зборуваше за предизвиците со кои се справуваат самохраните мајки во различни аспекти, но и за тоа како тие се обидуваат да ги вклучат самохраните татковци во нивната организација. Поврзани со 16-те активистички денови за елиминирање на насилството врз жените, Една може презентираше и вообичаени примери за тоа како самохраните мајки претходно се соочувале со насилство и што се смета за насилство во бракот или врската.
Учениците кои учествуваа на нашата обука за мировно образование успешно ја завршија фазата на дисеминација на обуката. Тие беа менторирани од двајца обучувачи за тоа како да подготват работни планови за решавање конфликти и како да ги дистрибуираат своите идеи до своите врсници околу гимназијата „Браќа Миладиновци“. Беа изработени два работни планови за македонски и албански јазик и учениците ги презентираа тие планови за работа во нивните училишта. Плановите се состоеја од три проблеми кои учениците ги мапираа за време на обуката: физичко насилство, разбирање на улогата на психолозите во училиштето и поделба меѓу албанските и македонските паралелки. Некои од презентираните решенија беа: подигање на свеста против насилството преку проекти за соработка, често психолошко советување и мултиетнички часови. Посетете ја нашата веб-страница и проверете ги целосните работни планови за решавање конфликти: https://ekvalis.org.mk/handbook-for-implementing-peace-education-in-schools/
Во декември 2018 година започнавме со втората обука од проектот за иницирање дијалог преку театар на сенки. Обуката беше завршена со нова група ученици од нашата партнерска институција, СУГС „Браќа Миладиновци“. Обуката беше организирана заедно со експертите од нашата партнерска институција ‘Театар на сенки и облаци’. Бевме среќни што не пречека училишната директорка Елизабета Ангелевска, која даде целосна поддршка за проектот преку училишните служби и капацитети, и со поддршка од нашиот локален училишен координатор, Јана Станоеска. На првиот дел од работилницата, учениците се запознаа со тоа што е театар на сенки и како се изведува. Ја претставивме и Европската младинска фондација и како фондацијата ги поддржува младите. Во рамките на овие сесии создадовме простор за запознавање и споделување за тоа што сонуваме, за што сме добри и кои се нашите стравови. Учениците научија и за составните делови на создавање приказна за театар на сенки. По објаснувањата, во училиштето детектирале 4 различни проблеми од кои напишале раскази со потребните делови кои ќе ги искористат во следната работилница за изработка на кукли, поставки и изработка на приказна. Тие раскажуваа за проблеми со вербалното насилство во училницата, училишното насилство во училишната сала, родовата еднаквост во училишниот спорт и за графитите кои шират говор на омраза врз основа на етничка припадност. На втората работилница од оваа обука учениците работеа на изработка на табла со приказни, изработија рачно изработени кукли и ги вежбаа нивните креирани кратки претстави. Оваа обука заврши со третиот ден кој ги опфати изведбите на создадените претстави во просториите на Театар сенки во Скопје.
Во Јануари 2019 година, во рок од два дена го организиравме семинарот за обука на наставници за инкорпорирање на мировното образование во формалното образование. Оваа активност од проектот „Мировно образование за инклузивни училници“ вклучи 7 професори од гимназијата од СУГС „Браќа Миладиновци“ во разбирање на темите и методите за работа со мировно образование, придобивките што би ги имале за учениците и училишната заедница, и овозможи процес на креирање персонализиран наставен план за следните тематски области за мировно образование: Идентификација на стереотипи, предрасуди и дискриминација, пол, родови улоги, родови стереотипи и дискриминација и родова демократија, конфликт, анализа на конфликти и ненасилно разрешување конфликти, социјална исклученост, социјални интеграција и социјална вклученост. Создадените работни планови беа искористени за финалниот Прирачник за спроведување на мировното образование во училиштата што го издаде Еквалис во рамките на овој проект.
Како последен настан во Април 2019 година ја организиравме завршната конференција „Перспективи на мировното образование“, од нашиот 6-месечен проект „Мировно образование за инклузивни училници“ поддржан од Европската младинска фондација и Советот на Европа. Бевме домаќини на експертски панел со Албулена Карага, Ана Битољану и Билјана Трајкоска Василевска, кои ги истакнаа некои теми од мировното образование како што се родовата еднаквост, спречувањето и решавањето конфликти и борбата против предрасудите и дискриминацијата во училиштата. На нашиот втор панел дадовме увид од нашиот проект со наставниците и учениците од нашиот имплементиран проект. Јана Станоеска, Висар Шопај, Севдије Адеми, Горѓи Павловски и Јована Ладимировска се осврнаа на своето учество на обуките за мировно образование во гимназијата Браќа Миладиновци.
https://ekvalis.org.mk/прирачник-за-спроведување-мировно-образование-во-училишта/
На крајот од конференцијата го претставивме нашиот Прирачник за спроведување на мировното образование во училиштата кој од утре ќе биде достапен онлајн на македонски, албански и англиски јазик. Прирачникот е достапен онлајн на три јазици: македонски, албански и англиски.
Конференцијата беше поддржана од Агенцијата за млади и спорт. И благодариме на Александра Дичевска што ги поздрави гостите во името на Агенцијата и Европската младинска фондација.