Еквалис имаше тројца претставници на Курсот за обука: „Насилен екстремизам наспроти меѓукултурен дијалог и мир“ во Драч, Албанија. Во овој проект учествуваа 30 млади луѓе од девет земји (Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Грција, Северна Македонија, Црна Гора, Косово, Србија и Турција).
За време на оваа обука учесниците имаа шанса да вежбаат меѓукултурно учење и дијалог, и да научат различни начини за спречување на насилен екстремизам. Зборуваа и за говорот на омраза како нов и популарен фактор на радикализација. Проектот беше организиран со многу различни активности како што се:
• Дефинирање на термини како „радикализација“, „насилен екстремизам“, „соживот“ и „мир“ со работа во групи и со помош од обучувачите.
• Заеднички дискусии во кои учесниците заклучија дека спречувањето на говорот на омраза е важно во спречувањето на многу од негативните појави кои претходно беа дискутирани.
• Профилирање на заедницата – учесниците беа поделени во национални тимови за да ја претставуваат својата земја и присуството на негативни појави во нивните општества поврзани со насилен екстремизам.
• Разговор со албански експерти од областа на насилниот екстремизам.
• Изнаоѓање начин да се разбијат стереотипите и предрасудите. – Дом на парламентот
• Во слободното време, учесниците имаа можност да се дружат заедно и да научат многу за другите земји во однос на нивната култура и традиции, притоа создавајќи многу нови пријателства.
По нивното враќање во Северна Македонија, тимот на Еквалис организираше две последователни работилници во средното училиште „Браќа Миладиновци“ во Скопје. На овие работилници тимот се обиде да го пренесе знаењето што го стекна на обуката на учениците од прва година во гимназијата со слични активности.
Курсот за обука: „Насилен екстремизам наспроти меѓукултурен дијалог и мир“ беше финансиски поддржан од Европската младинска фондација и Советот на Европа.