Отвораме повик за работилница што ќе ги прикаже искуствата на архивирање и прикажување на секојдневијата на истполовите парови во Србија. Работилницата ќе се одржи на 12 април (среда) од 19:00-21:00 (онлајн) и е наменета за лица што работат кон зголемување на визибилноста за квир прашањата, особено преку уметнички активистички инцијативи. Исто така, работилницата е отворена за сите оние коишто сакаат да ги слушнат искуствата од Србија со организирање на една ваква изложба и што тоа значи за самите организатори, а и пошироко за квир заедницата.
Работилницата ќе се одржи на англиски јазик, без можност за превод.
Јелена Васиљевиќ од иницијативата „Nasa 4 Zida“ ќе зборува за:
- Давањето визиблност на квир врските/ Секојдневието на истополовите парови како активистички и политички акт
- Идејата позади изложбата Nasa 4 Zida и процесот на нејзиното поставување
- Стратегии и пристапи за иницијативите за квир визиблност да станат пооддржливи
- Процесот на создавање доверба меѓу куратор(к)ите на изложбата и паровите во изложбата
- Предизивици и отпор од конзрервативни и анти-родови групи
- Фидбекот и поддршката од ЛГБТИ+ заедницата
За учество на работилницата е потребна претходна регистрација на следниот линк.
Оваа работилница е организирана како дел од квир програмата на Еквалис.