Ekvalis
17.1.2023
Отворени повици
Здружението за едукативен развој- Еквалис отвора повик за избор на членови за Младинската мрежа за еднаквост којашто ќе функционира како дел од структурата на Еквалис.
Младинската мрежа за еднаквост ќе биде младинско тело коешто ќе има важна улога во работата на Еквалис, а ќе има и изразена компонента како платформа за локално дејствување на младински активисти од целата држава. Членовите на Мрежата ќе бидат вклучени во предложување, спроведување и оценување на проектните активности во Еквалис, како и изворно застапување за младинските позиции кога Еквалис ќе застапува за одредени прашања од својата мисија на институционално ниво.
Покрај тоа, членовите на Мрежата ќе имаат свои лидерски позиции во локалните заедници каде што живеат. Како членови на Мрежата, локалните активисти се очекува да продолжат да се вклучуваат во социјалните движења за промени во коишто веќе се дел, но и да и ги понудат на својата локална заедница своите вештини и активистички ангажмани.
Тематските полиња во коишто ќе дејствуваат активистите на Младинскта мрежа за еднаквост се: родовата еднаквост, ЛГБТИ+ еднаквоста и мултиетничкиот соживот.
Мрежата е отворена за младински активисти од територијата на целата држава на возраст од 15 до 30 години.
Како дел од првите чекори за станување на дел од мрежата се:
- Учество на 7 дневен тренинг за членовите на Мрежата (13-19 јануари, 2023) во Кратово
- Учество во организација и спроведување на јавен настан за промоција на мрежата во Скопје на 11 февруари 2023