ОТВОРЕН ПОВИК: Работилница „Алкохол= забава, мит или реалност?“

ОТВОРЕН ПОВИК: Работилница „Алкохол= забава, мит или реалност?“

 Асоцијацијата за едукативен развој ЕКВАЛИС ве поканува на работилница на тема „АЛКОХОЛ=ЗАБАВА мит или реалност?“

 KАДЕ? – Во Социјален центар Дуња

КОГА? – 06.10.2018 (сабота) во 12:00 до 15:30.

ЗА ШТО СЕ РАБОТИ? – Работилницата „АЛКОХОЛ=ЗАБАВА, мит или реалност?“ произлезе како финален производ од  проектот „- Alcohol? – No, thnx!” кој се оддржа во Талин, Естонија и беше поддржан од Erasmus +. Целта на работилницата е на неформален начин да се разбијат стереотипите и предрасудите за алкохолизмот, одговорното консумирање на алкохол и преку дискусија да се зголеми свеста околу оваа завист на денешницата.

ЗА КОГО? – Сите заинтересирани млади лица кои сакаат да научат нешто повеќе за темата, да дебатираат и да се дружат.

АПЛИКАЦИЈА? – https://goo.gl/forms/Wua9pMFs1KsB5NKo2

ПРАШАЊА? – За сите дополнителни прашања слободно исконтактирајте нѐ на: zer.ekvalis@gmail.com

Опис и цели на работилницата:

Од антички времиња до денес, потрошувачката на алкохол има длабоки корени во човечката историја и е поврзана со многу културни елементи, традиции и навики. Во денешно време, а посебно за многу млади луѓе, алкохолот е еквивалент на забава, позитивно расположение, опуштање, социјализација, намалување на анксиозноста и чувство на поголема слобода. Со други зборови, тој е често претставен како “најдобар лек” за секојдневната напнатост.

Сепак, алкохолот консумиран во големи количини е сѐ освен корисен, често водејќи кон акутно пијанство и алкохолизам. Алкохолот предизвикува повеќе негативни физички и психолошки ефекти врз здравјето на луѓето и тие негативни последици можат да се поврзат со предизвикување фатални несреќи, насилно однесување, депресија и проблеми со законот, на работните места и во меѓучовечките односи. Според Светската Здравствена Организација, повеќе од 3,3 милиони смртни случаи секоја година во светот се предизвикани од алкохол.

Целта на работилницата е да ги информира сите заинтересирани младите луѓе за злоупотребата на алкохолот и негативните последици, со цел превентивно да се дејствува и низ конструктивна дискусија да се понудат решенија за проблемот. Алкохолот е проблем на современото живеење и  не треба да ни претставува табу во општеството, напротив, треба оттворено да дискутираме за негативните последици, со цел одговорна употреба без зависност и злоупотреби.

Крајниот рок за поднесување на апликации за учество на работилницата е 3 октомври до 12:00.

 

Leave a Reply