Пред 5 години на овој ден беше регистрирана и формирана нашата организација. Од тогаш до денес поминавме убави и тешки моменти. Зборот со којшто ќе го одбележиме нашето 5 годишно постоење е истрајност.
Затоа што истрајноста за нас е политички концепт. Истрајноста е пркос и желба за растење. Да се истрае во време на глобална пандемија којашто речиси на секој начин ја погоди нашата организација, активности, менталното здравје на нашите волонтери и активисти, да се истрае и покрај сеприсутните закани коишто нашите опоненти од анти-демократските групи ги испраќаат постојано до нас, да се истрае и покрај сознанието дека 90% од младите попрво би ја напуштиле државата и крајно да се истрае затоа што во нашите пет години и поминати безброј часови во работа со маргиналзиирани заедници ни даваат повторна верба дека кога е најтешко- истрајноста ќе ни понуди визија дека и покрај се’ иднината е наша.
Нашиот роденден официјално ќе го прославиме со неколку настани во јануари и февруари. До тогаш имаме неколку добри вести:
- Во 2023 повторно ја отвораме нашата извршна канцеларија
- Ќе ја формираме нашата организациска Младинска мрежа за еднаквост
- Нов веб сајт
- Забава и тематски панел за нашиот роденден