Јавна реакција на Еквалис за незадоволство од комуникацијата со МОН и БРО

Јавна реакција на Еквалис за незадоволство од комуникацијата со МОН и БРО

Здружението за едукативен развој изразува загриженост и незадоволство од процесот на одобрување на нашата програма за мировно образование од страна на Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието.

Програмата за мировно образование на којашто Еквалис работи уште од своето постоење е суштински важна за многу ученици бидејќи во рамки на оваа програма ги актуелизираме темите коишто долго време и на многу начини се истиснати или проблематично дискутирани во формалното образование. Темите како: врсничко насилство, ненасилна комуникација, родовата еднаквост, ЛГБТИ стигматизација, препознавањето на различни форми на предрасуди и дискриминација се во фокус на оваа програма. Ова се теми за коишто некои ученици за прв пат имаат отворено дискутирано во рамки на нашата програма, а претходно нити ги дискутирале на училиште, нити пак дома.

Како дел од нашиот проект „Врснички едукатори за мировно образование“ каде што даваме активна улога на обучените млади средношколци да ги едуцираат своите врсници за темите во мировно образование, побаравме од Министерството за образование дозвола за влез во 4 средни училишта со 4 младински програми на претходно наведните теми.

Во оваа јавна реакција би сакале да ги образоложиме нашите организациски ставови за тоа зошто сметаме дека процесот на одобрување за влезот во училиштата наиде на големо разочарување од наша страна.

 

1.Процесот на давање мислење од институциите е долг и административно опсежен

Процесот на поднесување и одобрување на барањето за влез во училиштата е долг и подлежи на многу голема административна проверка. Нашето испратено барање со елаборат на програмта за мировно образование е во процедура веќе трети месец. Во целиот процес бевме во редовна комуникација со Бирото за развој на образованието коешто како инстутција треба да даде мислење за нашата програма. Нашата организација се’ уште нема добиено официјален став којшто треба да дојде до нас преку Министерството за образование и наука за дали ни е дозволен влез во училиштата иако ни беа дадени јасни индиции дека веројатно Еквалис ќе добие негативно мислење за влез во училиштата.

2.Улогата на Бирото за развој на образованието во рамки на програмата за мировно образование

Во неколку наврати во нашата комуникација ја понудивме опцијата Бирото да биде вклучено во процесот на мониторирање на активностите во училиштата преку своите советници, бидејќи нашите активности не се тајна и всушност би ни било драго доколку добиеме фидбек за нашата работа. Наведовме дека во овој проект можноста за мониторинг нема да може да биде финасиски поддржана поради малиот буџет на проектот, но од наша страна понудивме да потпишеме меморандум со оваа инстутција со којшто би имале основа да го сметаме Бирото за партнер во идни проекти каде што и би можеле финансиски да го поддржиме мониторингот. Тендицијата да бидеме споредувани со големи организации коишто постојат над 10 години и коишто работат со големи буџети создаде таква ситуација да Еквалис не може да ги прифати и финансиски износи предлозите коишто Бирото за развој на образованието ги даде за професионално да обучиме неколку професори во рамки на овој проект и со тоа да се стави под знак прашалник давањето на позитивно мислење за наш влез во училиштата.

 

3.Проблематичност со теми во рамки на мировното образование

Во целата комуникација со институциите не ни е јасно како се става во прашање изборот на темите во нашата програма за мировно образование кога во суштина ако се отворат програмите и на останатите организации што работат програми по мировно образование се провлекуваат исти или слични теми.

Разочарани сме што младинската програма во којашто се обработува ЛГБТИ тематика е пречекана со загриженост дека определени ставови и ориентации може да се „пропагираат“ ако за овие теми се зборува во училиштата.  Повторно тука е многу проблематичен односот кон тоа дека различните сексуални ориентации се земаат во предвид како нешто за коешто не треба да се зборува или па уште полошо како нешто кое што се „пропагира“. На прашањето како оваа тема соодвестува со мировното образование, сметаме дека и тоа како е релевантна да се зборува. Во контактот со учениците, ние дознаваме дека ЛГБТИ учениците се токму најмногу подложни на насилство, во многу случаи и физичко насилство каде што ученици биле физички напаѓани поради својата сексуална ориентација. Ако ова не е прашање со коешто треба да се занимава мировното образование, тогаш што понатмау?

Напоменуваме дека во ниту еден случај Еквалис нема да престане да се залага за правата на ЛГБТИ младите.

 

4..Недоверливоста во експертите од граѓанскиот сектор

Во неколку случаи беше ставен под знак прашалник компетенциите на тимот на експерти од Еквалис којшто ја води нашата програма по мировно образование. И покрај тоа што ние уредно ги поднесовме нашите професионални биографии каде што се гледа дека нашите тренери и ментори не само што имаат екстензивно искуство  во мировно обрзование на локално ниво, туку и носиме големо искуство од ова поле и на регионално и европско ниво сепак постојано и во многу наврати беше изразено загрижување дека ние самите не сме способни да го износиме процесот на менторирање на средношколците.

 

5.Создавање чувство на ексклузивитет на кои организации може да работат во полето на мировно обраозвание

Во неколку наврати во комуникацијата со Бирото и со Министерството ни беа посочени определни организации што работат во полето на мировно образовани. Еквалис апсолутно ги почитува напорите на сите граѓански организации што работат во полето на мировно образование и смета дека мировното образование треба да биде унапредено како процес на соработка меѓу сите важни актери што работат во сферата на мировно образование.

Сепак, во комуникацијата со Бирото и со Министерството добивме впечаток дека доколку една организација има воспоставено инстутицонална соработка со овие инстутции се чини  дека нема место за нови организации коишто би сакале да влезат и работат во училиштата. Иако формално желбата за нови соработки постои. Ова создава еден вид на организациски монопол што е многу загрижувачки. Бирото и министерстовото треба да создадат клима за сите актери да соработуваат во полза на развој на мировното образование и заеднички да изнајдеме идејно решение за како сите заинтересирнани организации, институции, па дури и активисти да се вклучат во овој важен едукативен модел.

 

Сакаме да нагласиме дека иако Еквалис на крајот од овој процес добие негативно мислење и сме спречени да влеземе во средните училишта во Скопје, ние нема да престанеме да зборуваме, едуцираме, да ја подигнуваме јавната свест и активистички да се поставиме кон овие теми коишто младите ги живеат и чувствуваат на дневно ниво.

Leave a Reply