Ekvalis
17.1.2023
Настани
Еквалис со задоволство го споделува феминистичкиот и родово инклузивниот прирачник „Слободни да бидеме себеси“. Во овој прирачник на самиот крај Еквалис може да ја најдете како една од организацииите коишто работат во областите на еднаквост на родовите и сексуални малцинства.
Овој прирачник има за цел да им пружи поддршка на тренерите*ките во сферата на неформалното образование (НФО), на младинските работнички*ци и координатори*ки на меѓународни проекти/кампови за волонтерки*ри и младински размени во врска со родовата тематика и аспектите на сексуалноста. Одбраната содржина и работилниците од овој прирачник се соодветни за употреба при меѓународни волонтерски кампови, при обуки за подготовка на волонтери*ки во разни проекти, при младински размени, при младинска работа воопшто и при работа со други старосни групи.
Овој прирачник располага со основни информации во врска со родот и сексуалноста (за повеќе информации видете ја целосната верзија на прирачникот), а исто така и детално опишани работилници заедно со лесно употребливи алатки кои имаат цел да им помогнат на тренерките*рите при работата со млади луѓе и/или другите старосни групи. Искажаните дефиниции и опишаните концепти во овој прирачник се засноваат на искуства и дебати водени од учесниците од гореспоменатите проекти, а за оние кои не се нивен резултат, го има посочено соодветниот извор.
Им благодариме на Service Civil International од Шпанија- Барселона коишто ни пристапија за вклучување на Еквалис во овој прирачник. Македонската верзија од овој прирачник може да ја симнете на следниот линк.
Y&M_short_MK_WEB-compressed