Tel: +389 71 330 266
Пријавување за тимски предизвик „Невозможна мисија“

Пријавување за тимски предизвик „Невозможна мисија“

Здружението за едукативен развој “ЕКВАЛИС“ на 21 октомври (недела) од 13:00 до 15:00 го организира тимскиот предизвик „Невозможна мисија 1.0“. Главен покровител на овој тимски предизвик е Escape Room – The Cube којшто за победничкиот тим ќе обезбеди влез во една од нивните соби коишто детално може да ги разгледате тука.

Тимскиот предизвик „Невозможна мисија“ е 120 минутна работа во тим на отворено каде што учесниците во групи од по 5 луѓе треба да извршат листа од 20 задачи, од којашто секоја е различно бодувана. Сите групи ќе имаат по еден водич од нашиот тим којшто ќе им помага во поглед на бодувањето на задачите и ќе даде соодветни објаснувања доколку е потребно.

По завршетокот на предизвикот, ќе бидат пресметани бодовите на сите групи и победничкиот тим ќе ја добие наградата од Escape Room- The Cube.

Овој предизвик е продолжување на нашите актиности за развивање на соработка на волонтерите во нашата организација. Доколку сакате да се запознаете со нашите волонтери ида поминете интересно саботно попладне, испратете ни мејл на info@ekvalis.org.mk со назнака „Невозможна мисија“ наведувајќи дека сте заинтересирани да учествувате на предизвикот.

Leave a Reply

Close Menu