Повик за учество на тренинг „Перспективи на родовите и ЛГБТК+ младински движења“ | 08-13 јуни ; Велес

Повик за учество на тренинг „Перспективи на родовите и ЛГБТК+ младински движења“ | 08-13 јуни ; Велес

Здружение за едукативен развој ЕКВАЛИС објавува повик за учество на тренинг „Перспективи на родовите и ЛГБТК+ младински движења“. Тренингот ќе отвори важни прашања и ќе постави визија за иднината на движењата за родова и ЛГБТИ+ еднаквост и ќе ги позиционира младите како важни предводниц*/чки на овие активистички движења.

Повикот е отворен за млади на возраст 18 и 30 години кои се активни или имаат интерес да се активираат во полето на родовата и ЛГБТК+ еднаквост. Сите млади од ЛГБТИАК+ заедницата, родово небинарни лица, жени и лица од различни етнички и други малцинства и маргинализирани групи се особено охрабрени да аплицираат на овој повик.

Овој тренинг е дизајниран со цел да го оствари следното:

  • да ги охрабри младите од различни позадини да станат водечкиот глас во постоечките родови и квир движења, да ги прошират своите светогледи и да ги реобмислат принципите на соработка
  • да ги подготви младите активист*/ки со вештини за практикување диверзитетни и интерсекциски форми на активизам, лобирање, политички притисок и анализа на претставеноста на родовите и сексуални малцинства
  • да ги вмрежи младинските феминистички и квир движења од целата земја во структурирано и кохерентно движење коешто ќе соодветствува со движењето на постарите активист*/ки во земјата
  • критички да ја обработи и преиспита маргиналната улога на младите во родовите и квир движења
  • да постави и креира стратегии, активистички механизми и создаде автентичен одговор на анти-родовите, хомофобични и трансфобични движења во државата

Програмата на тренингот е организирана според принципите на неформално образование со интерактивни вежби, симулации, работа во групи, квизови и стратегии за идни акции, при што и учесниците имаат простор да споделуваат и разменуваат знаење и вештини.

Тренерски тим: Ангел Димитриевски, Сања Михајловска и Елена Данова

Важна напомена: Сите учесници, по завршувањето на тренингот се очекува да се вклучат во работни групи за реализација на три последователни активности, како начин на дисеминација на знаењето стекнато на тренингот. Овие активности ќе се реализираат во текот на месеците јуни, јули и август.

Датуми на реализација на тренингот: 8-13 јуни (Велес, хотел Романтик)Сите трошоци за тренингот поврзани со превоз, сместување и храна се покриени од страна на организаторот. 

Аплицирајте за учество на тренингот на следниот линк  https://forms.gle/rhWPZ3cLqNRgqJvdA  најдоцна до 23 мај до 23:59 часот. Апликациите пристигнати по предвидениот рок нема да бидат разгледувани.Само пријавените коишто се селектирани за учество ќе бидат контактирани, најдоцна една недела по затварањето на повикот. Резултатите од селекцијата ќе бидат достапни најдоцна до 27 мај.

Проектот „Перспективи на родовите и ЛГБТК+ младински движења“ е финансиски поддржан од Европската младинска фондација и Советот на Европа, во рамките на Младинската кампања за ревитализација на демократијата, Democracy Here- Democracy Now.