Здружението за едукативен развој Еквалис отвора повик за учесниц(ч)ки на два тренинзи за средношколска демократија како дел од проектот „Младократија- Унапредување на демократската и партиципативна култура во претставничките тела на средните училишта“. Тренингот е отворен за средношколц(к)и од територијата на целата држава од прва, втора и трета година.
Тренингот е отворен за ограничен број на учесници. Поради ковид протоколите истиот тренинг ќе се одржи на два пати за да има можност да се работи во помали групи.
Прв тренинг: 05-09 јули, 2021; хотел Кратис- Кратово
Втор тренинг: 26-30 јули; 2021: хотел Кратис- Кратово
Еден учесник/чка следи само еден тренинг.
Овој тренинг е креиран:
- да ги информира средношколц(к)ите за моќта и потенцијалите на средношколското здружување, преставувањето на средношколските гласови во средношколски сојузи, унии, општински форми на здружување или други младински форми на здружување
- да ги охрабри средношколц(к)ите активно да учествуваат во своите постоечки форми на претставување (почнувајќи од претседател(к)и на класови до повисоки форми како средношколски сојузи или други форми на младинско здружување)
- да ги опреми средношколц(к)ите со конкретни вештини за мобилизирање на своите врсници, професори, училишни администрации и локални власти во помагање на креирањето на претставничка и демократска култура
- да креира мрежа на средношколц(к)и коишто ќе дејствуваат национално за да го зајакнат средношколскиот глас како важен во процесите на донесување одлуки коишто ги засегаат
- да ги актуелизира темите поврзани со родот и сексуалноста помеѓу средношколците
- да го зголеми учеството на средношколки и жени во претставничките тела (поголем број на претседателки на класови, но и поголема видливост на проблемите поврзани со сексизам, сексуално вознемирување и феминистичко дејствување во училиштата)
- да ги охрабри ЛГБТ+ средношколц(к)ите да се вклучат директно во своите најблиски форми на здружување и да ја инкорпорираат борбата за ЛГБТ+ права во програмите на своите претставнички тела
Програмата на тренингот е организирана според принципите на неформално образование со интерактивни вежби, симулации на претседателкси избори, вежбање на регрутација и мобилизаторство, симулации за мониторирање на изброи на средношколски претставници, работа во групи, квизови и стратегии за идни акции.
Важна напомена: Сите учесници по завршувањето на тренингот треба да се вклучат во работа во групи во своите заедници и во споведување на кампања за средношколска демократија и три локални средношколски иницијативи коишто ќе се однесуваат на подобрување на добросостојбата на младите во државата, антибулинг, медиумска писменост и признавање на неформалното учење. Временскиот период во којшто ќе се реализираат овие активности е август-ноември, 2021.
Ковид протоколи:
1.Сите учесниц(чк)и ќе бидат сместени во еднокреветна соба
2.Сите учесниц(чк)и ќе бидат тестирани со брз ковид тест пред да влезат на тренингот
3.Сите учесниц(чк)и е задолжително да носат маски постојано додека трае тренингот
4.Забрането е групирање во соби помеѓу учесниците
5.Учесниц(чк)ите е задолжително да имаат потпишана изјава на родител/старател со коишто ќе се согласат за почитување на наведените протоколи
Сите трошоци за тренингот поврзани со пат, сместување, храна и ковид тестови се покриени од страна на организаторот.
Аплицирајте за учество на тренингот на следниот линк https://forms.gle/7hYNxyVL5gUoRBoN6 најдоцна до 27 јуни до 13:00 часот. Апликации пристигнати по предвидениот рок нема да бидат разгледувани.
Проектот „Младократија- Унапредување на демократската и партиципативна култура во претставничките тела на средните училишта“ е финансиски поддржан од Европската младинска фондација и Советот на Европа.