Асоцијацијата за едукативен развој ЕКВАЛИС ве поканува на работилница за тимска работа и тимска комуникација
KАДЕ? – Во Канцеларија Млади на Општина Центар (позади зградата на автомакедонија)
КОГА? – 29.09.2018 (сабота) во 11:30 часот
ЗА ШТО СЕ РАБОТИ? – Работилницата тимска работа и тимска комуникација е последователна активност од севкупната работа од нашиот почеток. Целта на работилницата е на неформален и интерактивен начин да се запознаеме подобро меѓусебно и да се оформиме како една тимска целина.
ЗА КОГО? – Сите заинтересирани млади лица кои сакаат да научат нешто повеќе, да дебатираат и да се дружат и да продолжат како членови во нашата организација.
АПЛИКАЦИЈА? – https://goo.gl/forms/XdKbvJdVUrxOx5LX2
ПРАШАЊА? – За сите дополнителни прашања слободно исконтактирајте нѐ на: zer.ekvalis@gmail.com
Опис и цели на работилницата:
Целта на работилницата е да ги информираме сите заинтересирани младите луѓе за нашето работење, нашите методи и техники, што е тим, тимска работа и тимска комуникација. Волонтерскиот тим на ЕКВАЛИС подобро да се запознае меѓусебно низ неформални методи и вежби.
На работилницата сите ќе имаат прилика да ги споделат сопствените мислења и ставови поврзани со тимска работа и тимска комуникација.
Рокот за пријавување е до петок до 12:00 часот. Еквалис ќе ве контактира во петок после 16 часот за информации за работилницата.