Tel: +389 71 330 266
ОТВОРЕН ПОВИК | Работилница за младинско ангажирање во општествено одговорни проекти

ОТВОРЕН ПОВИК | Работилница за младинско ангажирање во општествено одговорни проекти

Здружението за едукативен развој ЕКВАЛИС објавува повик за учесници на работилницата за младинско ангажирање во општествено одговорни проекти. Работилницата ќе ги обработува следните теми:

  • Улогата на младите во помаѓање на ранливи и маргинализирани групи во општеството
  • Начини за прибирање на средства – fundraising
  • Позитивни практики од организации што спроведуваат настани за прибирање на средства за општествено одговорни цели
  • Комуникација со јавноста при имплементација на општествено одговорни иницијативи
  • Детекција на поединци, групи или институции коишто имаат потреба од донации

Работилницaта ќе биде почеток на општествено одговорните иницијативи коишто ЕКВАЛИС ќе ги имплементира во пресрет на новогодишните празници. Идеите и предлозите коишто ќе се обработуваат на оваа работилница ќе треба да бидат спроведени во практика. Препорачуваме оваа работилница да биде наменета за млади коишто може да го следат овој процес, односно да се вклучат и во практичниот дел на имплементација на концептите од работилницата.

Работилницата ќе се одржи на 10 ноември (сабота) од 12 до 17:30 часот во Канцеларијата за млади на општина Центар.

Вашето учество може да го пријавите на следниот линк. Апликацискиот формулар ќе биде отворен до 8 ноември до 16:00.

 

Leave a Reply

Close Menu