Tel: +389 71 330 266
Отворен повик | Младинска размена “Реагирај против врсничко насилство и вознемирување“

Отворен повик | Младинска размена “Реагирај против врсничко насилство и вознемирување“

Младинската размена „Реагирај против врсничко насилство и вознемирување“ е отворена за средношколци од територијата на град Скопје. 4 дневната младинска размена ќе се одржи од 31 јануари до 03 февруари во Кратово. Сите трошоци поврзани со хотелско сместување, храна, транспорт и материјали за работа се покриени од страна на организаторот. 

Младинската размена го отвора проблемот на врсничко насилство и вознемирување за којшто статистиките говорат дека младите ги практикуваат вербалното вознемирување и физичко вознемирување во училиштита, а овој проект ќе го третира и сајбер вознемирувањето и насилство како подеднакво важен проблем. Врсничкото насилсто и вознемирување е важно да се намали и искорени не само затоа што често пати нивната есклација доведува до физички пресметки меѓу учениците, туку затоа што на психолошко ниво голем број на средношколци ги интернализираат вербалните навреди и понижувања и како последица на тоа живеат со депресија, анксиозност, панични напади, а некои и завршуваат со самоповредување и самоубиство.

 

Младинската размена ќе работи на детекција на примери на врсничко насилство од училишните средини на учесниците и изнаоѓање на решенија за како тие да бидат надминати преку креативни театарски методи и тоа:

  • Театар на замрзнати слики – Театар на замрзнати слики е перформанс каде што една личност или група имаат улога на замрзнати статуи. Ваквиот тип на театар има едукативна позадина за како да го сфатиме тоа што го гледаме. Учесниците не користат говор, ниту пак знаци. Тие го користат сопственото тело за комуникација со цел да пренесат една идеја, проблем, емоција или настан.

 

  • Форум театарот (уште познат и како театар на опресираните) има за цел да ја намали дискриминацијата на одредени групи, да се бори против угентување и да даде решенија на социјални проблеми преку театар. Форум театарот претставува колекција на игри и вежби каде што учесниците доаѓаат во контакт со сопственото тело и глас, помагаат на другите и учат работа во тим.

 

  • Театар на сенки- Игра на сенки или познато како куклен театар со сенки е древна форма на раскажување и забава која користи рамни артикулирани фигури (сенка кукли) за да се создаде впечаток на движењето на луѓето и другите три-димензионални објекти. Сенка куклите се склопка на личности кои се одржуваат помеѓу изворот на светлина и проѕирен екран или вид на завеса.

 

Младинската размена ги користи платформите на театар на замрзнати слики, форум театар и театарот на сенки како методи на работа за поттикнување на посодржински дискусии, играње на улоги и отсликување на реални ситуации од опкружувањето на учесниците, како и за наоѓање на релевантни решенија за надминување на овие проблеми. Од учесниците не се очекува да имаат искуство со актерска игра, бидејќи во фокусот на младинската размена е врсничкото насилство и вознемирување, а не актерската игра.

Сите учесници на младинската размена ќе бидат вклучени во организирање на три активности во Скопје коишто ќе ја покренат свеста за врсничко насилство и вознемирување преку научените театарски методи. Распоредот за одржување на настаните е следен:

  • Јавна акција за подигнување на свеста за врсничко насилство и вознемирување преку театар на замрзнати слики – 9 февруари (сабота)
  • Форум театар, отворен настан за посетители – 16 февруари (сабота)
  • Театар на сенки, изведба на креираните сцени за време на младинската размена- 23 февруари (сабота)

Ве замолуваме да го имате во превид учеството на сите три последователни настани коешто е задолжително.

Сите заинтересирани учесници треба да го пополнат апликацискиот формулар којшто може да го најдете во продолжение ( Апликациски формулар) . Пополнетите апликациски формулари треба да се испратат на reagirajprotivnasilstvo@gmail.com најдоцна до 17 јануари до 23:59. Нецелосно пополнетите  апликациските формулари и оние доставени по предвидениот рок нема да подлежат на разгледување.

За дополнителни информации во врска со апликацискиот формулар или повикот за младинската размена, ве молиме контактирајте го Ангел Димитриевски на angel_dimitrievski@ekvalis.org.mk .

Младинската размена „Реагирај против врсничко насилство и вознемирување“ е финансиски поддржана од Фондацијата отворено општество- Македонија.

 

Тренерски тим:

Ангел Димитриевски- Здружение за едукативен развој „Еквалис“

Сања Михајловска- Здружение за едукативен развој „Еквалис“

Ивона Ѓорѓиовска- Театар на сенки и облаци

Leave a Reply

Close Menu