Tel: +389 71 330 266
Отворен повик | Младинска програма „Култура, суб-култура и културолошки несогласувања“

Отворен повик | Младинска програма „Култура, суб-култура и културолошки несогласувања“

Младинската програма „Културолошки несогласувања како продукт на стереотипи и предрасуди“ е отворенa за сите средношколци од територијата на град Скопје. Ние живееме во едно мултикултурно опшество и поради недоволно познавање на другите култури често се раѓаат стереотипи и предрасуди кои водат до конфликти. Доколку сакате да научите повеќе за културата и како да ги надминеме стереотипите и предрасудите, тогаш пријавете се на оваа програма, која ќе биде водена од претходно обучени врснички едукатори.

Програмата се состои од две активности: една едукативна работилница и еден јавен настан. Точниот тек на програмата и нејзините активности е следен:

1.Еднодневна работилница за култура- 15 февурари од 11:00

2.Јавен настан (дружба со луѓе од различни култури)- 20 февруари од 19:30

Сите заинтересирани учесници потребно е да присуствуваат на двете активности од програмата. По присуството на сите активности учесниците ќе добијат сертификат за учество. Заинтересираните учесници треба да го пополнат апликацискиот формулар кој што можете да го најдете на овој линк. 

Крајниот рок за доставување на апликациите е до 10  февруари до 22 часот. За дополнителни информации во врска со апликацискиот формулар, ве молиме контактирајте нѐ на info@ekvalis.org.mk

Младинската програма за „ Културолошки несогласувања како продукт на стереотипи и предрасуди “ е продукт од тренингот „Врснички едукатори за мировно образование“ кој беше одржан во Кратово и е финансиски подржана од Европската младинска фондација и Советот на Европа.

Leave a Reply

Close Menu