Отворен повик | Младинска програма за родова и ЛГБТ+ стигматизација

Отворен повик | Младинска програма за родова и ЛГБТ+ стигматизација

Младинската програма „Родова и ЛГБТ+ стигматизација“ е отворенa за сите средношколци од територијата на град Скопје. Доколку сакате да научите повеќе за разликите меѓу полот и родот, родовите улоги, поделбата на типично „машки“ и типично „женски“ професии, родовата стигматизација, родовото базирано насилство, како и ЛГБТ+ стигматизацијата -тогаш пријавете се на оваа програма. Програмата ќе биде водена од обучени врснички едукатори. Потребата да ги отвораме темите за родот и сексуалноста меѓу самите средношколци е голема и само на тој начин можеме да ја надминеме стигматизацијата.

Програмата е составена од комбинација на активности: едукативни работилници, филмски вечери и јавен настан коишто во секој дел ќе се осврнат на претходно наведените теми. Точниот тек на програмата и нејзините активности е следен:

1.Еднодневна работилница за родова еднаквост- 09 февурари од 11:00

2.Филмска вечер и дискусија (тема: борбата за ЛГТБ+ правата и солидаризација меѓу маргинализираните заедници)- 13 февруари од 19:45

3.Вечер на женска поезија (поезијата ќе биде изведена од млади поетеси во пресрет на 8 март-интернационалниот ден на жената). Напомена: учесниците на програмата нема да се јават во улога на креатори на поетските творби, туку како организатори на настанот.

Сите заинтересирани учесници потребно е да присуствуваат на сите три активности од програмата. По присуството на сите активности учесниците ќе добијат сертификат за нивното учество на програмата.

Заинтересираните учесници треба да го пополнат апликацискиот формулар кој што можете да го најдете во продолжение: https://forms.gle/bksfCpJKzBA8ehd97 . Крајниот рок за доставување на апликациите е до 31 јануари до 23:59 часот. За дополнителни информации во врска со апликацискиот формулар, ве молиме контактирајте не на info@ekvalis.org.mk

Младинската програма за „Родова и ЛГБТ+ стигматизација“ е продукт од тренингот „Врснички едукатори за мировно образование“ кој беше одржан во Кратово и е финансиски подржана од Европската младинска фондација и Советот на Европа.

Leave a Reply