Ekvalis
17.1.2023
Настани
Здружението за едукативен развој Еквалис отвора повик за учесници на летната онлајн школа „Анти-дискриминАКЦИЈА- Младински активисти против дискриминацијата и промоција на еднаквост“. Летната школа е отворена за млади од 15 до 30 години од територијата на целата држава.
Летната школа на Еквалис се организира во периодот кога едукацијата и подигнување на јавната свест за дискриминацијата е потребна повеќе од било кога, а особено по укинувањето за Законот за спречување и заштита од дискриминација.
Тематските модули коишто ќе бидат отворени преку оваа летна школа се:
- Основни знаења и терминологија за разбирање на дискриминацијата
- Мапирање на локации коишто се поврзуваат со конкретни случаи на дискриминација (училишта, ноќни клубови, јавен транспорт, театри или гласачки места)
- Родово базирана дискриминација (со фокус на дискриминацијата на жените на работното место)
- Дискриминација базирана на сексуална ориентација и родов идентитет (со фокус на пристапот до места за социјализација, ноќни клубови и останти безбедни простори од социјална природа за ЛГБТ+ заедницата)
- Етнички базирана дискирминација (со фокус на дискриминација насочена кон Ромската заедница)
- Дискриминација базирана на политички убедувања и гледишта (со фокус на прогон кон политички неистомисленици, неформални групи и протестни движења)
- Дискриминација кон лицата со попреченост (со фокус на пристапноста на лицата со физичка попреченост)