Tel: +389 71 330 266
Отворен повик за учесници | Тренинг „Врснички едукатори за мировно образование““

Отворен повик за учесници | Тренинг „Врснички едукатори за мировно образование““

Здружението за едукативен развој „Еквалис“ отвора повик за учесници на 7 дневниот тренинг „Врснички едукатори за мировно обраозвание“ којшто ќе се одржи од 07 до 13 октомври во Хотел Кратис, Кратово.

Тренингот „Врснички едукатори за мировно образование“ целосно ќе опреми 16 средношколци од територијата на град Скопје да се вклучат како активни едукатори за мировно образование во своите училишни средини. По завршувањето на тренингот, учесниците ќе станат сертифицирани врснички едукатори за мировно образование.

Сите трошоци поврзани со патот, хотелското сместување, оброците и материјали за работа се покриени од организаторот. За учество на тренингот се наплаќа партиципација од 300 денари.

За деновите кога учесниците ќе бидат отсутни од училиште поради тренингот во Кратово, нашата организација ќе издаде писма за оправдување на отсуство од настава поради присуство на друга едукативна активност.

Што е мировно образование?

Мировното образование има за цел да им помогне на учениците да стекнат вештини за препознаавање на конфликтна ситуација, ненасилно решавање на конфликти и да ги зајакнат вештините за активно и одговорно делување во општеството за промовирање на вредностите на мирот. За разлика од концептот на разрешување на насилство, кој може да се смета за ретроактивен – обидувајќи да се реши насилството откако веќе се случило – мировното образование има проактивен пристап. Неговата цел е однапред да се спречи конфликтот уште пред да настане и подобро да се едуцираат учениците и општеството за мировно постоење врз основа на ненасилство, толеранција, еднаквост, родова еднаквост, почитување на човековите права, почитување на разликите и социјална инклузија и правда.

Кои теми ќе се обработуват на тренингот?

  • Модели и форми на вербална и невербална комуникација
  • Ненасилна комуникација
  • Препознавање на конфликтна ситуација
  • Разрешување на конфликтна ситуација
  • Форми на врсничко насилство (психичко, физичко и сајбер насилство)
  • Препознавање на манифестации на врсничко насилство во училиштата
  • Запознавање со терминот „култура“ и составните делови на една култура
  • Културолошките несогласувања како продукт на постоечки стереотипи и предрасуди
  • Идентитет и составните делови на идентитетот
  • Разграничување на термините род и пол
  • Стигматизација базирана на род и сексуална ориентација
  • Родово базирано насилство (препознавање, линии за пријавување и начини на коишто може да се дејствува)
  • Мировното образование како обединувачки концепт на сите претходно наведени теми
  • Врсничката едукација како ефективен пристап во мировното образование

Какви вештини ќе стекнете по завршувањето на тренингот?

  • Користење на стручна литература при подготвување на едукативни активности за мировно образование (прирачници со теоретиски и практични вежби за имплементација на едукативни активности)
  • Подготовка на едукативни работилници базирани на концептот на неформално образование преку разработени шаблони за време на тренингот
  • Практични вештини за имплементација на кампањи за подигнување на јавната свест

 

Напоменуваме дека по завршувањето на 7 дневниот тренинг сите учесници се обвразни да земат учество во втората фаза на проектот. Во втората фаза, учесниците поделни во тимови ќе треба да спроведат младински програми коишто ќе ги обработуваат темите во фокус на мировното образование. Во текот на тренингот ќе бидат формирани 4 тимови и секој тим ќе треба да дизајнира по една младинска програма. Младинските програми ќе бидат одржани во 4 различни средни училишта во град Скопје односно по една програма во секое средно училиште. Учесниците ќе добијат менторска поддршка во текот на планирањето и спроведувањето на своите младински програми коишто ќе треба да се одржат во периодот ноември 2019- јануари, 2020. Препорачуваме да аплицирате за тренингот само доколку сте во можност да ја следите и втората фаза од проектот.

Заинтересираните учесници треба да пополнат апликациски формулар којшто е достапен на следниот линк https://forms.gle/DJYtFpxbaUsqPsWe7 . Рокот за аплицирање е 15 септември до 23:59. Апликациите коишто ќе пристигнат по предвидениот рок нема да подлежат на разгледување.

Доколку имате дополнителни прашања, ве молиме испратете ги на info@ekvalis.org.mk .

Проектот „Врснички едукатори за мировно образование“ е финансиски поддржан од Европската младинска фондација и Советот на Европа.

Leave a Reply

Close Menu