Tel: +389 71 330 266
Отворен повик за средношколска програма за родово претставување во медиумите

Отворен повик за средношколска програма за родово претставување во медиумите

Дали сакате да научите повеќе за родот, родовото базирано насилство, родовата дисксиминација, ЛГБТ+ дискриминација (дискриминација насочена кон лезбејки, геј мажи, бисексуални, трансродни, трансексуалните и квир личности), претставувањето на родот и сексуалните малцинства во медиумите? Средношколската програма “What’s Gender Got to Do With It?“ е отворена за средношколци  од прва до четврта година од територијата на град Скопје и ќе ги вклучи средношколците во едукација и продукција на медиумски производи поврзани со овие теми.

Програмата е дизајнирана во два дела. Првиот дел е составен од три целодневни тематски работилници на темите во интерес на програмата. Темите и датите на одржување на работилниците се:

Работилница 1: „Дистинкција меѓу род и пол, родова диксириминација и родово базирано насилство“- 16.03.2019 во Јавна соба

Работилница 2: „Родот, ЛГБТ+ заедницата  и општеството (политика, образование, економија, пазар на труд, врсничко прифаќање, прифаќање на семејството и општествено прифаќање)“ – 23.03.2019 во Јавна соба

Работилница 3: „Родот и медиумите: гости говорници, детекција на теми со преставување родот и сексуалните малцинства во медиумите, алатки за изработка на весник“- 30.03.2019 во Јавна соба

 

Покрај едукативен програмата има и свој активен карактер. Она што ќе биде научено и дискутирано на работилниците, учесниците ќе треба да го претстават во изработка на една пилот верзија на весник којшто ќе ги претстави темите поврзани со сите аспекти обработени на работилниците. Спротивно на големиот број негативни пристапи преку коишто овие теми се моментално обработувани во медиумите, овој весник ќе треба да ги прикаже со позитивен и едукативен пристап во својата содржина. На пример, вицовите во весникот да се смешни, но не сексистички, деловите за мода и што да се носи оваа сезона да не се родово предодредени или пак можеби весникот ќе има пример на огласи коишто не се дискриминрачки поставени кон жените.

Целта на изработка на весникот е учесниците целосно да се вклучат во неговата изработка, а тоа значи дека ќе треба да реализираат интервјуа, да напишат статии, да нацртаат стрип, фотографираат, креативно да се изразуваат, дури и визуеално да го подготват весникот. На крајот од програмата весникот ќе биде испечатен и достапен и во електронска верзија и ќе се подели во училиштата и промовира на социјалните мрежи. По завршувањето на работилниците, учесниците ќе работат индивидуално и во групи во процесот на изработка на весникот. Програмата предвидува и два задолжителни координативни состаноци за групите да се сретнат и координират во процесот на изработка на весникот и тоа на следните дати:

 

Координативен состанок 1 на 13 април во Јавна соба

Координативен состанок 2 на 20 април во Јавна соба

 

Заинтересираните ученици може да аплицираат за учество на програмата на следниов линк: https://goo.gl/forms/5mVP76jbcs287Hwf1 Ве замолуваме да аплицирате на програмата само доколку сте сигурни дека може да присуствувате на сите работилници, координативни состаноци и делови со групна работа на програмата. 

Рокот за поднесување на апликации е до 8 март до 23:59 часот. На програмата се охрабруваат да аплицираат и момчиња и девојчиња, како и ученици од различни училишта на територијата на град Скопје.

Оваа активност е дел од “What’s Gender Got To Do With It?”, спроведуван од Linking, Engagement, Advocacy and Development—LEAD стипендистот Ангел Димитриевски, финансиски поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

Leave a Reply

Close Menu