Здружението за едукативен развој Еквалис отвора повик за физичко или правно лице за продукција на видеа во рамките на проектот „Промоција на младински активизам и граѓанско учество“ поддржан од Националниот фонд за демократија (NED). Експертот ќе биде одговорен за изработка на видеа за кампања на социјалните мрежи со фокус на избирачките права што Еквалис ќе ја спроведува во пресрет на претстојните парламентарни и претседателски избори.
За кампањата
Здружението за едукативен развој Еквалис ќе спроведе медиумска кампања на социјалните мрежи во предизборниот период којашто ќе има за цел да се фокусира на зголемена информираност на младите (особено оние што ќе гласааат за прв пат), но и воопшто граѓаните за важноста на излезноста да гласаат на претстојните парламентарни и претседателски избори. Преку кампањата јавноста ќе треба да биде запознаена и со можни начини за манипулација со нивните избирачки права, влијание на семејството и блиската околина при излегувањето на избори, како и можноста да се препознаат можни влијанија за поткуп при избирачкиот процес. Кампањата исто така треба да ги информира граѓаните за подготовка при процесот на гласање (како проверка на тоа дали нивното име го има во избирачкиот список, како да постапат на денот на гласањето итн).
Повикот е отворен и за физички и за правни лица.
Обврски за ангажманот
- Креативен концепт за изработка на 18 рилови (секој по 90 секунди) според однапред зададена скрипта
- Спроведување на снимање на риловите и соодветно одбирање на локација, сценографија, осветлување, техничка подготвеност, комуникација со наратори и други пропратни логистички аспекти коишто се поврзани со снимањето
- Завршување на процесот на снимање заклучно со 15 март, 2024
- Монтажа на риловите и вметнување на превод на албански јазик во секој од риловите
- Достава на финалните продукти започнувајќи од 20 март, 2024 и тековно до 01 мај, 2024 (по 3 рилови неделно)
Понудувачот е одговорен за:
- Целосно разбирање и ставање во контекст на скриптата за сите рилови
- Концепт и креативна разработка за сите рилови (коешто ќе вклучува селектирање на локација, логистичка подготовка за снимањата, интеракција со говорниците на видеата и нивно организирање во просторот и согласно концептот на видеата)
- Поседување исправна и квалитетна опрема за снимање видео и аудио материјал
- Поседување на софтвер за монтажа на видеа
- Внесување на албански превод во видеата
Продуктите изработени како дел од овој ангажман ќе бидат сопственост на Здружението за едукативен развој- Еквалис, за што избраниот понудувач ќе треба да потпише соодветен документ.
Начин на аплцирање
Сите заинтересирани понудувачи треба да ги достават следните документи најдоцна до 15 февруари, 2024 до 17:00 на мејл адресата angel_dimitrievski@ekvalis.org.mk со наслов „Понуда за изработка на видеа“. Во мејлот потребно е да се содржат следните документи:
- Професионлна биографија на лицето понудувач или портфолио на правното лице
- Портфолио со досега сработени проекти (листа со линкови до продуцирани видеа)- особено кон исти или слични теми со оваа кампања
- Финансиска понуда
Избор и склучување договор
Пристигнатите понуди ќе бидат евалуирани од страна на стручна комисија, и изборот ќе се одвива според:
- Техничка исправност 20%
- Искуство 40%
- Финансиска понуда 40%
Ќе бидат контактирани само кандидати коишто ќе бидат селектирани за во наредната фаза. По изборот, избраниот кандидат ќе биде контактиран со цел да се склучи договор.
Дополнитлени прашања
За сите дополнителни инфромации во врска со повикот, пишете на мејл адресата angel_dimitrievski@ekvalis.org.mk . Ве замолуваме, без телефонски повици.