Tel: +389 71 330 266
Отворен повик за практикант/ка

Отворен повик за практикант/ка

Здружението за едукативен развој Еквалис отвора повик за практикантска позиција во организацијата. Ги охрабруваме сите млади на возраст од 18 до 30 години, средношколци во последната година од своето образование, студенти во текот на своите студии или непосредно дипломирани студенти да аплицираат на повикот.

 

Главните задачи и одговорности на практикантот ќе бидат:

  • Координација на волонтерската група на Еквалис
  • Асистенција во организација на тековните активности во Еквалис
  • Ажурирање на социјалните мрежи, веб сајтот и електронското писмо на организацијата
  • Претставување на Еквалис на настани организирани од нашите партнери

 

Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуаваат следните квалификации:

 

  • Да се на возраст од 18 до 30 години (во последна година од своето средно образование, тековни студенти или се непосредно дипломирани)
  • Да покажуваат искуство во работа со млади и искуство од невладиниот сектор
  • Да покажуваат иницијатива за имплементирање на сопствени идеи во нашата организација
  • Да имаат одлично познавање на англиски јазик
  • Да ги разбираат социјалните мрежи и основно познавање за работа во WordPress и MailChimp
  • Да се отворени за учење и надоградба

 

Оваа позиција е отворена на 20 часа неделно (половина работно време) коешто е флексибилно и ќе биде во договор со проектниот координатор и проектниот асистент. Практикантската позиција е во времетраење од 12 месеци со предвиден надомест од 9, 195 денари месечно во бруто износ со ангажирање преку договор за дело. Ги замолуваме кандидатите коишто земаат државна стипендија да се информираат за условите за примање на средства по дополнителен ангажман, како не би им била укината стипендијата.

Заинтересираните кандидати треба да испратат свое CV и мотивациско писмо на info@ekvalis.org.mk со назнака: Апликација за апликант. Крајниот рок за испраќање на пријавите е 25-ти декември до 12:00 часот.

Апликациите коишто ќе пристигнат по предвидениот рок и коишто нема да бидат комплетни нема да бидат разгледувани. Апликантите коишто ќе влезат во потесен избор ќе бидат повикани на интервју.

Доколку имате дополнителни прашање, ве молиме испратете ги на info@ekvalis.org.mk.

Leave a Reply

Close Menu