Ekvalis
17.1.2023
Настани
Асоцијацијата за едукативен развој ЕКВАЛИС ви нуди можност за учество на МЛАДИНСКА РАЗМЕНА!
KАДЕ? - Во Талин, Естонија
КОГА? - Од 5ти до 11ти август 2018 година
ЗА ШТО СЕ РАБОТИ? - Проектот „- Alcohol? - No, thnx!” е насочен кон разбивање на стереотипите за алкохолизмот, одговорно консумирање и едуцирање за негативните последици од негова прeкумерна конзумација. Во проектот ќе учествуваат вкупно 30 млади луѓе од Македонија, Грција, Бугарија, Литванија, Холандија и Естонија.
ЗА КОГО? - Младинската размена е отворена за 5 млади луѓе (18-30 години) од Македонија.
ТРОШОЦИ? - Сите трошоци за време на разментата се покриени од страна на организаторите, додека патните трошоци се рефундираат за време на младинската размена во Естонија до износ од максимум 275 евра. Селектираните учесници единствено ќе треба да платат учество од 500 денари кон организацијата- испраќач односно Здружение за едукативен развој- Еквалис.
АПЛИКАЦИЈА? - Рокот за аплицирање e до 20ти јуни, 23:59, со испраќање на апликација на следниот линк: https://goo.gl/forms/esA2TdsMVzruj0n42
ПРАШАЊА? - За сите дополнителни прашања слободно исконтактирајте нѐ на: zer.ekvalis@gmail.com
Опис и цели на проектот:
Од антички времиња до денес, потрошувачката на алкохол има длабоки корени во човечката историја и е поврзана со многу културни елементи, традиции и навики. Во денешно време, а посебно за многу млади луѓе, алкохолот е еквивалент на забава, позитивно расположение, опуштање, социјализација, намалување на анксиозноста и чувство на поголема слобода. Со други зборови, тој е често претставен како "најдобар лек" за секојдневната напнатост.
Сепак, алкохолот консумиран во големи количини е сѐ освен корисен, често водејќи кон акутно пијанство и алкохолизам. Алкохолот предизвикува повеќе негативни физички и психолошки ефекти врз здравјето на луѓето и тие негативни последици можат да се поврзат со предизвикување фатални несреќи, насилно однесување, депресија и проблеми со законот, на работните места и во меѓучовечките односи. Според Светската Здравствена Организација, повеќе од 3,3 милиони смртни случаи секоја година во светот се предизвикани од алкохол.
Целта на проектот е да информира за злоупотребата на алкохолот и негативните последици од алкохолизмот, со цел да се понудат решенија за проблемот - не со молчење, туку на ефикасен начин и со вклучувањето на сите заинтересирани млади луѓе. Од витално значење е да се разбере дека алкохолот е проблем на современото живеење со кое мораме да се соочиме без предрасуди со цел за да имаме поздрав живот, со одговорна употреба без зависност и злоупотреби. Други цели на проектот е да се прошират познавањата на учесниците за безбедното користење на алкохолот, да се отвори дијалог за стереотипите за алкохолизмот и да се зајакне соработката помеѓу младинските организации преку заедничките вредности.