Tel: +389 71 330 266
Отворен повик за младинска програма „Заштитници на човековите права“

Отворен повик за младинска програма „Заштитници на човековите права“

People to People International Skopje и Здружението за едукативен развој Еквалис отвораат повик за учесници на младинската програма „Заштитници на човековите права“ којашто има за цел да ги вклучи младите како општествено ангажирани граѓани во заштитата на човековите права на различни групи граѓани, маргинализирани заедници и ранливи категории, групи и индивидуалци.

Младинската програма ќе ги обучи младите за користење на едукативната платформа „Жива библиотека“ како моќна алатка за активистичко дејствување во локалните заедници. Живата библиотека е алатка којашто ги предизвикува постоечките предрасуди и форми на дискриминација во општеството. Функционира како нормална библиотека: посетителите може да дојдат и да го разгледаат изборот на книги, да изберат книга што им се допаѓа да ја читаа и да ја позејмат на ограничено време. По читањето, да ја вратат книгата и да позајмат друга. Разликата во живата библиотека е тоа што книгите се луѓе и наместо читање се одвива разговор меѓу читателот и книгата.

Учесниците на програмата ќе учествуваат на две целодневни работилници на коишто ќе бидат обучени како практично да ја организираат живата библиотека, а по работилниците ќе бидат поделени во тимови каде што и самите практично ќе ја организираат живата библиотека.

 

Распоредот на програмата е :

11 мај – Работилница за човекови права и слободи

01 јуни – Работилница „Практични чекори кон организирање на жива библиотека“

02 јуни – 21 јуни– Работа во тимови за организација на жива библиотека

22 јуни– Јавен настан во Скопје „Жива библиотека“

Ве молиме имајте во предвид дека учеството на сите делови од младинската програма е задолжително.

Повикот е отворен за млади од 15 до 30 години на територијата на град Скопје. Заинтересираните учесници треба да пополнат апликациски формулар на следниот линк. Рокот за доставување на апликациите е 01 мај до 23:59.

Проектот „Заштитници на човекови права“ е финансиски поддржан преку грант програмата на интернационалната организација People to People International.

Leave a Reply

Close Menu