Здружението за едукативен развој Еквалис отвора повик за еден експерт/ка за изработка на медиумска стратегија во рамките на проектот „Промоција на младински активизам и граѓанско учество“ поддржан од Националниот фонд за демократија (NED). Експертот ќе биде одговорен за изработка на медиумска стратегија за кампања на социјалните мрежи со фокус на избирачките права што Еквалис ќе ја спроведува во пресрет на претстојните парламентарни и претседателски избори.
За кампањата
Здружението за едукативен развој Еквалис ќе спроведе медиумска кампања на социјалните мрежи во предизборниот период којашто ќе има за цел да се фокусира на зголемена информираност на младите (особено оние што ќе гласааат за прв пат), но и воопшто граѓаните за важноста на излезноста да гласаат на претстојните парламентарни и претседателски избори. Преку кампањата јавноста ќе треба да биде запознаена и со можни начини за манипулација со нивните избирачки права, влијание на семејството и блиската околина при излегувањето на избори, како и можноста да се препознаат можни влијанија за поткуп при избирачкиот процес. Кампањата исто така треба да ги информира граѓаните за подготовка при процесот на гласање (како проверка на тоа дали нивното име го има во избирачкиот список, како да постапат на денот на гласањето итн).
Обврски на експертот/ката
- Креирање на соодветна рамка и тон на кампањата преку деск истражување за ресурси коишто се поврзани со избирачките права, особено со избирачките права на гласачите по прв пат (млади)
- Креирање на сценарија за снимање на 5 едукативни видеа (во времетрање од 2 минути по видео). Покрај содржинскиот дел на видеата, во сценаријата треба да се содржи предлог за визуелниот и технички изглед на видеата (во форма на инструкции за тимот за видео и монтажа)
- Креирање на медиумски пораки коишто ќе бидат искористени како промотивни постери/постови на социјалните мрежи во рамки на медиумската кампања
- Креирање на план за спроведување на кампањата (во времетрање од 45 дена)
Експертот/ката треба да ги исполнува следниве квалификации:
- Претходно искуство во работа со медиумски кампањи (особено креирање на продукти и содржина атрактивна за младите)
- Подготвеност да работи на детално креирање на скрипти за медиумски видеа (содржина, нарација, сцена, визуелен изглед на видеата, насоки за тимот за видеа и монтажа)
- Висока стручност во креирање на јасни, разбирливи, информативни и едукативни медиумски пораки
- Длабоко познавање на теми поврзани со избирачките права, избори, изборните процеси, демократизацијата и човековите права
- Напредни истражувачки и аналитчки способности
Времетраење на ангажманот: 4 експертски денови (помеѓу 15 и 29 февруари)
Начин на аплицирање
Заинтересираните кандидати треба да аплицираат со свое CV и мотивациско писмо коешто одговара на потребите на овој отворен повик на мејл адресата angel_dimitrievski@ekvalis.org.mk со назнака „Апликација за експерт/ка за изработка на медиумски содржини за кампања за избирачки права“ најдоцна до 08 февруари, 2024 до 12:00 часот. Како придружен документ потребно е да се испрати и финансиска понуда на експертот (изразена во долари во бруто износ) по ден, а во вкупно времетраење од 4 експертски денови.
Апликации што ќе пристигнат по крајниот рок нема да бидат разгледувани.
Доколку имате дополнителни прашања може да ги поставите на мејл адресата angel_dimitrievski@ekvalis.org.mk