ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА: Омраза, закани по живот и повици за линч за Летната школа за ЛГБТИ+ млади и сојузниц(чк)и на Еквалис
Потписниците на апелот за солидарност може да ги прочитате на крајот на ова соопштение.
ENGLISH VERSION AVAILABLE HERE
Ова не е само обично соопштение. Ова е нашиот крик да покажеме низ што вистински поминавме овој месец: омраза, закани по живот, повици за линч и, финално, наше истерување од град во кој работевме и инвестиравме речиси 7 години.
Што се случи:
На почетокот на месец јуни, Еквалис објави повик за учесниц(чк)и на Летна школа за ЛГБТИ+ млади и стрејт/цис-родови сојузиц(ч)ки. Ова е една од нашите програмски заложби преку кои, низ неформален пристап, се обидуваме да изградиме пријателства меѓу ЛГБТИ+ младите и нивните врсници, да изградиме средини на поддршка онаму каде што системот потфрлил да ги креира таквите средини, да креираме кругови на сојузништво кои ќе помогнат да во надминувањето на стереотипите, предрасудите и дискриминацијата кон оваа многу ранлива група млади. Ваквите програми помагаат и да се реобмислат, преиспитаат и создадат нови и посоодветни системи на подддршка.
Еден од првите гласноговорници против нашата школа беше Љупчо Ристевски, лидерот на конзервативната политичка партија „Интегра“. Во својот статус на Фејсбук тој ја презеде објававата на Еквалис за неформалниот дел од школата, тематски насловен како „Гатање на квир тарот, друштвени игри и гледање во ѕвезди“. Во неговиот статус, тој вели: „Според Библијата, сите овие наведени 'игри' се дело на ѓаволот лично и за таквите се превидува страшен крај, но и за сите оние кои ги поддржуваат, промовираат и практикуваат... Тоа се делата на злото“. Потоа, тој ја повикува Црквата да реагира: „Очекувам црковното лидерство на МПЦ-ОА жестоко да реагира, како и сите христијански цркви, деноминации и заедници во Македонија. Ова е длабоко заоѓање во пропаста.“
Веднаш потоа на Љупчо Ристовски му се приклучува и познатата антиваксерка и личност којашто стана позната по своите теории дека ковид вирусот не постои, Гордана Гоџо, која во својот статус не само што се занимава со темите на оваа школа, туку особено посочува на тоа зошто школата се случува во Кратово.
Во деновите што следат, тимот на Еквалис следеше како и локалната заедница во Кратово почнува да се мобилизира околу ова прашање. Одредени профили на социјалните мрежи коишто сè до тој момент се занимавале со промоција на природните убавини на Кратово, сега наеднаш го повикуваат локалното населние остро да реагира на одржувањето на оваа школа. Еден од коментарите на објава на оваа страница вели: „Фрлете ги ‘учителите’ од Радин мост во провалија“.
Ова е само еден од стотиците коментари, пораки и мејлови што го добивме во период од две недели. Еве уште само мал дел од нив:
- Ќотек само сите салам родители и јак ќотек додека не проплукаат крв тие идиотите само тоа е лекот
- Леле ако ве начекам во Кратово лошо ќе биде
- Фрлете ги "учителите" од Радин мост во провалија
- Абе мамето ѓаволско да им го ебам на организаторите на ова сатанистичко цццц
- Jas sum fury i dali ke mi dadete da si go ponesam staorecot so mene i dali dozvoluvate da go rascvetam vo sobata kaj sto ke spijam (btw mn vriska)
Во овие коментари не само што ќе видите повици за смрт, омраза, туку ќе видите и кукавичлук. Како партиски лидери и проминентни анти-родови активисти ги распалуваат емоциите на граѓаните, ги поттикнуваат да „мониторираат“ на терен, за потоа млади деца од 16-20 години да потпаднат на ваквите провокации. Ова се вика користење на децата како топовско месо. Децата коишто се радикализираат, се повикуваат на екстремистички активности, како палење глувци во соба, тепање луѓе и слично се резултат на општество во коешто партиските лидери, таканаречените „активисти“ и Цркавата ги користат како оружје за да ги оствараат своите фашистички идеи за свет во кoj ЛГБТИ+ луѓето не постојат, додека нивните раце остануваат чисти, а тие само го прават она што е најлесно да се направи - да се нахушка и распали еден народ.
Какви чекори презеде Еквалис:
Еквалис на 17.06.2024 поднесе кривична пријава против Љупчо Ристовски, Гордана Гоџо и н.н. лица-корисници на социјални мрежи поради извршено кривично дело - Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем бр. 394г в.в Загрозување на сигурноста ст.5 од Кривичниот Законик. Будно ќе ја следиме разврската на овој случај и доколку државата не ги казни сторителите, ќе ја бараме правдата пред Европскито суд за човекови права во Стразбур.
Нашиот тим, во меѓувреме, помина три недели во митигирање на ризиците. Школата ја одржавме, но, за жал, избркани од еден град, приморани да се дислоцираме тајно, да ја одржиме летната школа за првпат во нашата работа под 24/7 обезбедување. Квир луѓето и нивните сојузници беа заедно и не им попуштивме на насилниците да нè изолираат целосно. Нашата идеја за единство е посилна, но таа, воедно, значи и апсолутна и целосна безбедност на групите со коишто работиме.
На нашите пријатели и сограѓани од Кратово им порачуваме: Ние не сме вашиот проблем, ние сме ваши пријатели! Не наседнувајте на лесни провокации. Ние работевме во и со вашиот град речиси 7 години, со вас имаме пеено, танцувано, организирано настани, се имаме дружено, а кај некои од вас, дури и сме биле на гости во вашите домови. Овој факт не може да биде избришан. Оној кој ви вели дека ние сме продукт на демонот, користи манипулација за да го наруши мирот кој постои меѓу нас и меѓу сите различности кои постојат во ова општество. Но, вие и ние многу добро знаеме кој е добар човек и знаеме да ги препознаеме добрите човечки вредности.
На пошироката јавност ѝ порачуваме: Ние, ЛГБТИ+ луѓето, не сме вашиот проблем. Младите луѓе ја напуштаат оваа држава, цели градови (како Кратово) се пустошат преку ноќ затоа што младите не гледаат иднина во оваа држава. Ние не сме виновници за корупцијата, за тоа како
цели болници и живи луѓе гореа пред нашите очи, за тоа како анти-родовите активисти седеа на иста маса со убиецот на младата Вања, за тоа како цели семејства остануваат гладни и се на работ на екстремна сиромаштија.
Наједноставно е да се тргне во организирана борба против најслабите и најранливите во ова општество, како што се ЛГБТИ+ луѓето. Но, на крајот од денот, тоа нема да ви донесе подобри услови во живот во државата, тоа нема да ги реши проблемите во здравствениот систем, тоа нема да ви донесе парче леб на маса, тоа нема да ги спречи вашите деца да ги напуштаат домовите и да си заминуваат засекогаш од овде во проклетиот Запад, барајќи ја својата иднина илјадници километри подалеку од дома. Напротив, држејќи ве дофукусирани, целосно хипнотизирани во омраза против ЛГБТИ+ луѓето, против етничките малцинства, против жените, против најранливите, мафијата во оваа држава ќе краде, корупцијата ќе цвета, државата ќе пропаѓа, а ЛГБТИ+ луѓето (понекогаш тоа се вашите најмили) секогаш ќе бидат лесна мета за насилство и прашање кое ќе се користи за да се тргне фокусот од вистинскиот криминал и вистинските проблеми.
На сите наши познати и непознати сојузниц(чк)и: Ве повикуваме на солидаризација. Ако омразата којашто ја добивме не можевме ни да замислиме во колкави размери можела да постои, тогаш сакаме да веруваме дека постои и организиран фронт кој застанува во наша поддршка, дека постои солидарност, дека, конечно, и за нас, како човечки битија, ќе застане голема група луѓе кои ќе го кажат следново: „Стоиме цврсто во поддршка на вработените во Еквалис, нивните членови и активисти, како и на посветеноста на организацијата да работи на теми поврзнани со давањето на безбедни простори и можности кон ЛГБТИ+ младите. Бараме државата да ги казни сторителите на сторените кривични дела и оние коишто ја организираа јавноста да тргне во јавен линч и повици за смрт на бранителите на човековите права. Бараме државата да ги разбере последиците на анти-родовото движење како безбедносен ризик за оваа држава“.
Секоја организација, институција, неформлана група, колектив, академска заедница може да застане во знак на солидарност, потпишувајќи се на ова писмо. Потписниците може да се потпишат на следниот линк: https://forms.gle/XCGKjh2Bb8oT7GD38
За крај, порачуваме: Не се повлекуваме! Додека нашите тела и души заздруваат од оваа траума, нашата организација доби уште поголема мотивација и цврстина, а нашата работа доби и поголема потврда дека она што го работиме е токму она што ѝ треба на нашата земја. Нема да се предадеме и секогаш ќе работиме за тоа секој ЛГБТИ+ млад човек да живее достоинствен и автентичен живот без насилство и омраза. Нема да дозволиме да ни ги украдете ѕвездите, како што се обидувте, обележувајќи ги како библиски грев, нема да дозволиме да ни забраните да танцуваме, да играме игри, да учиме едни од други, да сме свои и, на крајот на краиштата, нема да дозволиме да нè избришете од јавниот простор, затоа што тој простор е еднакво наш.
Срдечно,
Тимот на Еквалис
Потписници на апелот за солидарност се:
- ТрансФорма
- Лепа Димитриевска Лазова
- Group “Come Out“ (Serbia)
- Медуза- феминистичка платформа
- Јован Јосифовски (независен уметник)
- Соња Ставрова
- Ана Тодорова
- Коалиција сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници МАРГИНИ Скопје
- Оља Војновска
- Мери Утковска
- Александар Димовски
- Хелсиншки комитет за човекови права
- Лила Милиќ
- Стела мрежа
- Loesje e.V (Германија)
- Александар Мицев
- ЛГБТИ Центар за поддршка
- Здружение за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје
- Loesje Bitola
- Ивана Драгшиќ
- The Deepest Purple Club
- Тодор Трпевски
- Андреј Мишиќ
- Inprocess (Србија)
- Антонија Димитриевска
- Корпорација Вагина
- Каи Гладкова
- Илја Лин Гладкова
- Рафики (Германија)
- Organizacija kreativnog okupljanja OKO (Србија)
- Ена Бендевска
- ERA - LGBTI Equal Rights Association for Western Balkans and Turkey
- Реактор- Истражување во акција
- Центар за истражување и креирање политики
- Ljubljana Pride Association (Словенија)
- Дамјана Видичевска
- General Workers Union GWU (Малта)
- Транс мрежа Балкан (Западен Балкан)
- Асоцијација Спектра (Црна Гора)
- Наџа Духачек (Србија)
- Јелена Јачимович (Србија)
- Наида Кучукалич (Босна и Херцеговина)
- Зелена омладина (Србија)
- Александар Савиќ (Србија)
- Колектив МАНА (Србија)
- Завод ТрансАкција (Словенија)
- Здружение за развој на новинарските практики Иновативни медиуми Скопје
- Здружение ХОПС-Опции за здрав живот Скопје
- Нина Наумовска
- Malta LGBTIQ Rights Movement MGRM (Малта)
- Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство
- ХЕРА - Асоцијација за здравствена едукација и истражување
- Асоцијација Da Se Zna (Србија)
- Матија Стефановиќ (Србија)
- Асоцијација NEVER AGAIN (Полска)
- Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска Скопје
- Македонско здружение на млади правници
- Ксенија Форца (Србија)
- Алекс Електра (Србија)
- Радмила Живановиќ - Психотерапика
- Огнен Јанески- EU and CoE's No Hate Speech Ambassador for WB6
- Иван Николовски (Австрија)
- Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ "Заедно посилни"
- Алексеј Демјански
- Марија Костадинова
- Драгица Афтова
- Здружение ПЕТКАМЕН - Центар за развој на социјални комуникации - Скопје
- Menta Space (Бугарија)
- Дин Коноли (Велика Британија)
- IGLYO (Белгија, Регион: држави членки на Советот на Европа)
- Schweizerische Arbeitsgemeinschaft der Jugendverbände -SAJV (Швајцарија)