Ekvalis
17.1.2023
Настани
Здружението за едукативен развој Еквалис објавува повик за вработување на 1(еден) асистент за финансии и логистика.
Асистентот за финансии и логистика ќе биде одговорен за:
- Прием и продуцирање на организациски документи
- Набавка на материјали и услуги според воспоставените правила на организација и според проектните потреби
- Учество во подготовка на финансиски извештаи за тековно и идни проекти и ревидирање на буџети
- Логистичка поддршка во организација на настани, работилници и младински програми коишто се тековни во организација
- Завршено високо образование или тековни студии (на повикот може да аплицираат и студенти)
- Волонтерско или работно искуство во граѓанскиот сектор
- Одлично познавање на англиски јазик (пишан и говорен)
- Високо развиени комуникативни и аналитички способности
- Искуство во организација и водење на активности со млади